Постојат многу видови тематски хороскоп, но овој сигурно е еден од најинтересните и најсимпатичните кои досега сте ги прочитале. Во продолжение ќе видите кој вид колаче најмногу соодветствува на вашиот вкус, карактер и хороскопски знак.rn
Овен – колаче со фил од лимон
rnНа огромната енергија и самодоверба со која зрачи еден овен, му одговараат само силни вкусови како оној на лимонот. На толку смелост и решителност, никој не може да ви застане на патот. Секогаш знаете како да ги започнете работите.rnrn
rn
Бик – колаче со фил од морков
rnТрадиционален вкус на колаче. Практични и вредни, но со прекрасен кремаст фил. Сте се соочиле со непријателите и сте издржале. Сите ја сакаат вашата поддршка, а вие никогаш не ги разочарувате.rnrn
rn
Близнаци – чоколадно ванила колаче
rnПлаќаш едно, а добиваш две. Имате две различни страни на карактерот, но тие прекрасно се спојуваат во совршена хармонија. Флертувате, но и сте сериозни, секогаш полни со став и вкус.rnrn
rn
Рак – колаче со ореви
rnНа моменти знаете да бидете премногу емотивни, но не грижете се. Како и ова колаче, меки сте, полни сте со сочувство и љубов, но сепак имате и своја тврда страна. Сите ја ценат вашата посветеност кон другите и неодоливата ексцентричност.rnrn
rn
Лав – колаче со фил од тиква
rnКако филот со вкус на тиква на ова колаче, топли сте и самоуверени. Никој не може да ви одолее. Поседувате елеганција и скап вкус.rnrn
rn
Девица – виолетово колаче со фил од мед
rnВие сте деликатен цвет, исто како виолетовото колаче со фил од мед. Нежно и суптилно се обидувате да му помогнете секому. Понекогаш дури и премногу. Не преоптоварујте се. Седнете, опуштете се и уживајте во ова колаче со шолја топол чај.rnrn
rn
Вага – разни колачиња
rnЗемајќи ги предвид разноликоста на вашата личност, не можете да бидете претставени само со едно колаче, една големина, форма и вкус. Вие во себе ги содржите сите нијанси на харизма и шарм. Создавате хармонија наспроти едноличноста која владее наоколу.rnrn
rn
Скорпија – црвено кадифено колаче
rnСкорпии, зад вашата кул, смирена, воздржана надворешност, се крие страсна и полна со вкус внатрешност. Исто како овој вид колаче, во себе криете голем сплет на вкусови.rnrn
rn
Стрелец – колаче со фил од кафе
rnКако и ова колаче, вие сте филозофски настроени и секогаш расположени. Можеби повеќе ветувате одошто остварувате, но сепак сте дел од секоја ужина. Одлично одите со чаша кафе.rnrn
rn
Јарец – колаче со фил од ванила
rnВие сте најсериозниот знак во хороскопот. Конвенционални, спремни да го решат секој личен или професионален проблем. Како и ванила-колачето, вие сте човек на кој останатите му веруваат и можат да се потпрат.rnrn
rn
Водолија – чоколадно колаче со фил од ванила
rnВашата силна чоколадна енергија совршено се сплотува со слаткиот, срамежлив вкус на ванилата и така двете заедно го создаваат ова колаче. Со еден збор, го имате најдоброто од двата света.rnrn
rn
Риби – колаче со виножито-фил
rnВие ги прифаќате луѓето и нештата онакви кави што се. Како и колачето со виножито-фил, вие сте уметнички души и посебни луѓе на кои сите им се восхитуваат.rnrn
