Поради неконтролираното размножување, на улица завршуваат сè повеќе мачки. Поради ова, треба да се размислува многу повеќе за стерилизација. Доколку не сте подготвени да чувате повеќе мачки, да ги продавате или да ги подарувате, тогаш стерилизацијата е неопходна.rnrn
rnrnИсто така, добро е да се знае дека нестерилизираните мачки често заболуваат од тумори на репродуктивните органи, на млечните жлезди и страдаат од хронични инфекции на мочниот меур. Со стерилизирањето, кај женките се отстрануваат репродуктивните органи, а мажјаците се кастрираат. Овој зафат може да се изведе штом мачката ќе наполни 6 месеци – тогаш се смета дека е зрела. Важно е да се спомене дека можат да се стерилизираат и постарите мачки, но во тој случај операцијата е малку поризична.rnrnЗафатот го извршува ветеринар додека животното е под анестезија. Не се препорачува да им давате на животните да јадат најмалку 12 часа по операцијата бидејќи може да дојде до повраќање и гушење.rnrnПо зафатот видлива е рана, а мачката може да се чувствува мамурно во текот на следните неколку часа. Немојте никако да ја храните со сила, но обезбедете ѝ вода и топло место во домот.rnrnПо стерилизацијата се забавува метаболизмот на мачките, па поради ова може да не бидат игриви и живи како и претходно. Исто така стерилизираните мачки се посклони на дебелеење, па добро е да се распрашате за специјална храна. Доколку се обидувате да ги шетате, тие ќе немаат нагон за бегање, но и полесно ќе ја контролирате нивната тежина.rnrnПогледнете и како мачките ја искажуваат нивната љубов кон вас.
Зошто е важна стерилизацијата на мачките?
