Со години вработените мајки се соочуваат со стереотипите кои тврдат дека нивните деца не добиваат доволно љубов, грижа и внимание. Сите ќе се согласат дека е тешко да најдете рамнотежа помеѓу родителството и кариерата, но дали навистина треба да бидете загрижени? Имаме добри вести за вас – според науката, децата на вработените мајки стануваат исто толку среќни колку и децата на невработените, а понекогаш се дури и поуспешни во животот.rnrn
rn
Децата на вработените мајки не страдаат и се среќни колку и нивните врсници
rnДали ви се случило вашето дете да сака да си игра наутро уште некоја минута, но вие да морате да одите на работа? Вината, социјалното одбивање и сомневањето во нивните способности како родители се чести проблеми на вработените мајки.rnrnНо едно истражување спроведено од професорката од Харвард Кејтин Мекџин, покажало дека тоа што мајката е вработена не влијае врз среќата на детето. И ќерките и синовите на вработените мајки се среќни и како деца и како возрасни, а често имаат и придобивки од нивната вработена мајка.rnrnОвој голем проект започнал во 2015-та година и комбинирал податоци од неколку интернационални истражувања. Воглавно, станува збор за анкета спроведена на над 100.000 испитаници од 29 различни држави. Резултатите би требало да ги ослободат вработените мајки од вината и сомнежот во себе, бидејќи покажуваа дека на нивните деца не им недостига среќа или успех.rn
Ќерките на вработените мајки се поуспешни и имаат повисока плата
rnИстражувањето покажало дека ќерките на вработените мајки најчесто имаат поголема годишна заработка, имаат поголеми шанси да бидат вработени и често се на повисоки функции. Истражувањето открило дека искуството на вработени мајки ги учи ќерките дека без проблем можат да се комбинираат кариерата и одгледувањето деца.rn
Синовите на вработените мајки минуваат повеќе време грижејќи се за семејството
rnБидејќи традиционално мажите настојуваат да бидат вработени, не гледаме силно влијание на вработените мајки врз кариерата на нивните синови. Наместо тоа, кариерата на мајката ги прави мажите позагрижени за поддржување на нивните сопруги. Според истражувањето, овие мажи неделно минуваат 50 минути повеќе помагајќи им на сопругите и грижејќи се за членовите на семејството.rn
И синовите и ќерките на вработените мајки имаат егалитарен однос кон семејството и социјалниот живот
rnДруго важно откритие од истражувањето е тоа што децата кои пораснале во семејство со двајца вработени родители заработувале и настојувале да ги избегнуваат половите стереотипи. Синовите на вработени мајки најчесто одбирале вработени сопруги, а жените на работното место ги третирале еднакви на нив. Нивните ќерки не чувствувале вина поради децата, бидејќи знаеле што значи да се биде дете на вработена мајка и знаат дека е возможно да се најде рамнотежа помеѓу родителството и кариерата.rnrnПогледнете ги и нештата за кои вработените мајки не треба да се извинуваат.
