КАФЕ ПАУЗА

Таа му задала луди правила на своето момче, и преку ноќ се прославила во светот на Интернетот

Секоја врска е индивидуална, па затоа и не постојат универзални правила што можат да ви помогнат да се погрижите да останете заедно до крајот на својот живот. Паровите треба да научат како да се адаптираат едни на други и да откријат дали се компатибилни на долг рок или не. Тоа можат да го направат само со трпение и доволно време за запознавање. Сепак, една девојка не се согласува со ова. Таа смета дека нејзините строги правила, доколку се почитувани, можат да ѝ помогнат на нејзината врска лесно да успее.rnrn

Кликнете на листата за поголема верзија
rnrnИмено, станува збор за една Американка која брзо се прослави во светот на Интернетот, така што составила листа од 22 правила коишто нејзиниот дечко мора да ги почитува. Корисникот на Твитер @kkeyes96 сосема случајно ја пронашол оваа листа во автомобилот што го купил, па ја објавил на својот профил. Како што можете да видите и самите, оваа листа е шокантно детално, и иако ќе ве насмее до солзи, истовремено ќе ве натера да се замислите и каква е врската на овие двајца.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn1. НЕ СМЕЕШ да имаш броеви на сингл девојкиrnrn2. НЕ СМЕЕШ ни да ги следиш на социјалните мрежи (вклучувајќи ги Инстаграм, Снепчет и Твитер)rnrn3. НЕ СМЕЕШ да се дружиш со Киган (ниту кај него дома, ниту во јавност)rnrn4. НЕ СМЕЕШ да одиш во Хонда без менеrnrn5.  НЕ СМЕЕШ да се дружиш со пријателите повеќе од двапати неделноrnrn6. НЕ СМЕЕШ ни да погледнеш сингл девојкаrnrn7. Ако некоја девојка ти се приближи на кое било место и во кое било време, ОТИДИ СИrnrn8. Мо НЕ ТРЕБА да биде со нас секој пат кога ние се гледамеrnrn9. НЕ СМЕЕШ ни да побараш хендџобrnrn10. НЕ СМЕЕШ веќе никогаш повторно да ми се налутишrnrn11. НЕ СМЕЕШ веќе никогаш да ги спомнуваш Тајлер, Ноа, Девен или Џошrnrn12. НЕ СМЕЕШ да пиеш ако не сум со тебеrnrn13. Дозволено ми е да ти го проверам телефонот во СЕКОЕ времеrnrn14. Ако се преселиме заедно, НИКОГАШ нема да има девојки во нашата куќаrnrn15. Ако се преселиме заедно, на твоите пријатели РЕТКО ќе им биде дозволено да доаѓаатrnrn16. Ако те фатам покрај девојки, ќе те убијамrnrn17. НЕ СМЕЕШ да ме откачиш за твоите пријателиrnrn18. Остин НЕ МОЖЕ ДА КОНТРОЛИРА КОГА ЌЕ СЕ ГЛЕДАМЕ НИЕrnrn19. Треба да одиме на легитимен состанок барем еднаш во две неделиrnrn20. Ако кажам скокни, ти треба да прашаш „колку високо, принцезо?“rnrn21. Треба барем еднаш дневно да ми кажуваш дека ме сакаш за да знам дека си сериозенrnrn22. НЕ СМЕЕ да ти биде потребно повеќе од 10 минути за да ми одговориш на поракаrnrn[/message_box]rnrnКоментарите на оваа објава се секакви, додека пак еден корисник на Твитер напишал едноставно „Бегај“. Поголемиот дел од луѓето се согласуваат дека ова е класично малтретирање што некои кај жените го доживуваат како слатко. Девојките исто така коментирале дека најверојатно се работи за пар во кој имало неверство, па затоа и таа ја направила оваа листа со цел да му даде втора шанса додека истовремено се чувствува и сигурно. На крајот од краиштата, сè се сведува на едноставната доверба, се согласувате?rnrnНо, не е сè така црно. Погледнете ги и овие „пред и потоа“ фотографии од парови што ќе ве натераат да поверувате во љубовта!