Чувството на вина може да ве „изеде“ однатре и понекогаш е многу тешко да се излезе од тој круг на самообвинување. Но, важно е да знаете дека постојат работи за кои никогаш не би требало да се чувствувате виновно, ниту пак да се извинувате. Вработените мајки многу работат, па сосема е во ред понекогаш да почувствуваат и вина, без разлика дали станува збор за нешто на работа, дома или во друштвото.rnrn
rnrnОд нив се очекува и се бара многу, па самиот притисок создава потреба да се каже зборот: „Извини“. Потребата за извинување не значи и дека сте направиле нешто погрешно, но важно е да научите дека понекогаш одлуката што сте ја донеле е најдобрата за вас, па самоуверено треба да продолжите понатаму. Следуваат 4-те нешта за кои вработените мајки никогаш не треба да се извинуваат.rn
1. Останување по работното време или на дружење со колегите
rnАко не сте се извинувале за тоа пред да имате деца, тогаш зошто треба да почнете да го правите тоа сега? Не мора да се чувствувате виновно затоа што имате домашни обврски, па постојано да барате начин да си заминете порано. Исто така не треба да ја избегнувате ни прекувремената работа доколку навистина ви е потребна, ниту пак неформалното дружење со колегите. Овие нешта се важни за да одржувате баланс во животот.rn
2. Барање унапредување
rnБез разлика дали вашето барање ќе биде прифатено или одбиено, вие не треба да се извинувате за амбициите и желбите за напредок. Ако ништо друго, вашиот шеф треба да ви биде благодарен затоа што сте покажале иницијатива и имате способност за поголема одговорност!rn
3. Барање пофлексибилно работно време
rnАко нешто сакате, побарајте го. Ако сакате да преговарате околу поголема флексибилност на работното време, однесувате се како и со сѐ останато каде што се потребни вашите преговарачки способности. Не мора да се извинувате затоа што имате потреба од оваа промена, па ако вашите надредени не ве разбираат, можеби конечно дошло време за промена на работната позиција. Ако тие не ценат дека би биле попродуктивни во пофлексибилна околина, тогаш не ве ни заслужуваат!rn
4. Сакање на својата работа
rnГолем број луѓе работат од финансиски причини, но тоа не значи дека не постојат и оние што се вљубени во својата работа. Ако чувствувате вина дека кариерата ве исполнува премногу и дека трошите многу време и енергија на неа, тогаш време е да се потсетите дека живеете во 21-ви век и дека во денешно време можеме да бидеме сѐ доколку навистина го сакаме тоа. Вие можете да бидете и успешни во својата професионална околина, но и во домашната како мајка и сопруга.rnrn55 животни и љубовни совети кои само младите и модерни мајки можат да им ги дадат на своите ќерки!