КАФЕ ПАУЗА

Заборавете на овие начини за чистење на лицето, бидејќи со нив само ја оштетувате кожата

Многумина од нас сметаат дека околу чистењето на лицето нема голема филозофија: треба само да го пронајдеме препаратот кој ни одговара или генерално да се држиме до водата и некој благ сапун, и тоа е тоа. Сепак, како што водиме сметка за тоа како се шминкаме и внимаваме нашите веѓи да бидат совршено обликувани, ајлајнерот нанесен под перфектен агол и усните беспрекорно исцртани, исто така треба да водиме сметка за тоа како сето тоа, на крајот од денот, ќе го избришеме од лицето и ќе му ја пружиме потребната нега.rnrn2-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

1. Чистењето на лицето е процес од два чекори

rnКористењето на лосион за чистење на лицето не е доволно. Секогаш, најпрво избришете ја целата шминка, па потоа користете препарат за чистење. Во спротивно, голема е можноста вишокот шминка сепак да остане на вашето лице, особено во пределот на носот и околу очите. За бришење на шминката може да користите ракавица, крема, специјални влажни марамчиња за отстранување шминка или како што најмногу сакате, со млака вода и сапун.rn

2. Премногу честото чистење ја суши кожата

rnСо желба лицето да ни биде совршено чисто за да ја избегнеме појавата на мозолчиња, често знаеме да претераме и да го чистиме лицето неколку пати на ден. Водете сметка за вашиот тип на кожа: ако кожата на вашето лице е мрсна, во ред е да го чистите лицето наутро и навечер, но ако е сува и чувствителна, доволно е да го чистите само еднаш на ден, и тоа најдобро навечер.rn

3. Прескокнете го отворањето и затворањето на порите

rnОва е класичен мит. Дерматолозите нагласуваат дека порите не се отвораат и затвораат, па така слободно можете да го прескокнете миењето со жешка вода (за да ги отворите порите), а потоа со многу ладна (за да ги затворите). На овој начин само ѝ правите стрес на кожата поради што може да дојде до сушење и црвенило.rn

4. Изберете средство според типот на вашата кожата

rnОбично мислиме дека при купувањето средство за чистење на лицето најважно е да го избереме она кое одговара на нашиот тип на кожа. Тоа е точно, но многу поважно е да ги проверите и неговите состојки. На пример, на лицето најверојатно нема да му одговара средство кое во себе содржи прејак мирис, бидејќи тоа може да ја иритира кожата.rnrn1-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

5. Избегнувајте пилинг за мекост

rnПилингот може да биде премногу агресивен за вашето лице. Наместо тоа, подобро е да користите препарати на база на салицин или гликолна киселина кои се поблаги и понежни за вашата кожа.rn

6. Не користете прејаки тоници

rnТоникот за лице се нанесува после чистењето на лицето за да ја отстрани последната трага од нечистотија. Сепак, тие знаат да бидат премногу агресивни за кожата, бидејќи често во себе содржат алкохол. Затоа, проверете го списокот на состојки и задолжително избирајте такви што не содржат алкохол.rn

7. Не трошете премногу пари

rnЗа жал или пак за среќа, скапите препарати не го гарантираат секогаш квалитетот кој ви е потребен. Сè зависи од тоа што ѝ годи на вашата кожа. Затоа, при купувањето препарат за чистење на лицето, проверете дали тоа навистина ќе ви одговара (можете да се посоветувате со дерматолог), па потоа гледајте ја цената.rnrn3-zaboravete-na-ovie-nachini-za-chistenje-na-liceto-bidejkji-so-niv-samo-ja-oshtetuvate-kozhata-www.kafepauza.mk_