Знаете ли во кои земји најмногу се консумира алкохол?

Сподели

rn

Реклама

10. Словачка

rnВо 2012 година, во оваа источноевропска земја биле испиени 10,76 литри алкохол по лице, претпочитајќи го шпиритусот пред пивото и виното.rn

9. Германија

rnГерманците во изминатата декада пиеле сѐ помалку и помалку, со мали отстапки забележани во 2006-тата година, а тука најчесто конусмиран пијалак е пивото.rn

Реклама

8. Русија

rnРусите пијат многу малку вино (1,23 литри по лице), споредбено со шпиритус (5,63 литри), што е од една страна изненадувачки, затоа што Русите се познати по нивната вотка.rn

7. Унгарија

rnПо стигнувањето на највисокото ниво на консумирање алкохол во 2006-та година, Унгарците пијат помалку. Иако тие пијат најмногу пиво, шпиритусот и виното не се далеку од нив.rn

6. Луксембург

rnЛуксембург е најмалата земја на листата, со популација од околу 555.000 жители, но се наоѓа на шестата позиција според пиењето алкохол во светот, иако потрошувачката почнува да се намалува. Жителите на Луксембург особено уживаат во вино и тие пијат најголеми количини споредбено со останатите држави од листата.rn

Реклама

5. Ирска

rnВо 2004-та година Ирците пиеле најмногу алкохол во западноевропските земји, со просек од 14,24 литри по личност. Ирците сакаат пиво и тие се наоѓаат втори на листата на потрошувачи на пиво.rn

4. Франција

rnНивоата на пиење во Франција се најмали од водењето евиденција која започнала во 2000-тата година, но оваа земја сѐ уште се вбројува во првите пет, најмногу поради нејзината потрошувачка на вино, со просек од 7 литри по личност во 2012-та година.rn

3. Чешката Република

rnГодишното ниво на алкохол во Чешка се движи од 12,5 до 13,5 литри. Тука најпопуларен пијалак е пивото и по жител, Чесите консумираат повеќе пиво од која било друга земја на листата.rn

2. Литванија

rnКонсумирањето алкохол во оваа источноевропска земја бележи пораст од 2000-тата година, од 9 литри по глава жител, до приближно 14,5 литри. Шпиритусот, а потоа и пивото, се популарни пијалаци, со многу мала консумација вино.rn

1. Белорусија

rnБелорусија е единствената држава која има постигнато 15 и повеќе литри алкохол по жител, иако нивото почнува малку опаѓа. Белорусите пијат повеќе шпиритус од која било друго земја, а нејзините соседи, Русија и Литванија, доаѓаат блиску на второто и третото место соодветно.

Најново

Може ќе ве интересира