Знаете ли во кои земји најмногу се консумира алкохол?

Сподели

Во многу земји во светот луѓето пијат релативно мало количество алкохол, особено поради религиозните или културните верувања. Наспроти нив пак, постојат и земји каде што пиењето претставува еден вид начин на живот. Погледнете ги прво рангираните 20 земји според купената количина алкохол.rn

Реклама

20. Соединетите Американски Држави

rnНивото на пиење алкохол во САД останало стабилно од 2000-тата година, со по 8 литри на една личност. Американците сакаат пиво, го пијат речиси 3 пати повеќе отколку виното, а исто така тука се наоѓаат и најголемите потрошувачи на шпиритус.rn

19. Нов Зеланд

rnКонсумирањето алкохол не ја надминал ознаката од 10 литри според евиденцијата во 2000-тата година, односно, од 2010 година ова ниво е во опаѓање. Иако Нов Зеланд е познат по тоа што има квалитетно вино, таму повеќе се пие пиво.rn

18. Данска

rnИако во 2012-та година се забележало намалување, 2013-та година покажала дека пиењето алкохол кај Данците повторно се враќа. Бројките биле највисоки во 2000-та година со 11,69 литри по лице.rn

17. Финска

rnПо пристигнување до највисокото ниво во 2007-ма година (10,45 литри по лице), нивоата за пиење алкохол во Финска генерално се во опаѓање. Финците најмногу уживаат во пиење пиво.rn

16. Велика Британија

rnВкупните нивоа на пиење во Велика Британија опаѓаат. Во 2004-та година, Британците пиеле 11,73 литри по лице, додека пак во 2012-та година тие изнесувале 9,56 литри. Иако Велика Британија е седмиот најголем потрошувач на вино, луѓето пијат слични количини и пиво и вино.rn

15. Белгија

rnБелгија е позната по пивото, па не е изненадување фактот дека се пие повеќе од виното.rn

14. Швајцарија

rnКонсумирањето алкохол во Швајцарија, општо земено, се намалува од 2000-тата година. Оваа земја е трет најголем потрошувач на вино од листата.rn

13. Австралија

rnКонсумирањето пиво во Австралија е на најниско ниво според податоците од Светската здравствена организација од 2000-тата година, но постои раст во количината на пиење вино. Сепак, пивото сѐ уште е најпопуларниот алкохолен пијалак.rn

12. Полска

rnПолјаците се најголемите пијачи на пиво од листата, со просек од 6,9 литри по лице во 2012-та година, но не пијат многу вино, наместо тоа претпочитаат шпиритус, во просек од 4,18 литри по лице во 2013-та година.rn

11. Латвија

rnПо тешка 2007-ма година за пиење, со 12,12 литри по жител, жителите во Латвија пијат помалку, а омилен пијалак им е пивото, па потоа шпиритусот.

Погледнете кои земји се наоѓаат на првите десет позиции, на наредната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира