КАФЕ ПАУЗА

4 совети за ноќна нега на вашата кожа!

4 совети за ноќна нега на вашата кожа!

Кога вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, не можете само да се потпрете на ноќниот крем и да очекувате дека ќе ја врати влажноста на вашето лице. Секако, ноќниот крем помага во хидратацијата на кожата, но наутро најверојатно вашата кожа ќе биде повторно сува.rnrn4 совети за ноќна нега на вашата кожа!rnrnЕве четири практични препораки кои можете да ги испробате вечерва за вашата кожа да блеска наутро.rn

1. Чистењето со пена заменете го со масло

rnСредството за чистење на лицето на база на масло е еден од наједноставните начини за зголемување на внесот на влага во негата на кожата. Покрај тоа што ја отстранува водоотпорната шминка, нечистотијата и маснотијата од вашата кожа, ја навлажнува вашата кожа многу повеќе во споредба со геловите и пените кои често содржат синтетички состојки за сушење како SLS.rn

2. Нанесување крем на влажна кожа

rnСè што треба да направите е да го нанесете вашиот серум или хидратантна крема на влажна кожа. Идеално би било да користите навлажнувачки тоник кој ја навлажнува кожата и овозможува вашиот хидратантен крем подобро да навлезе во кожата. Доколку немате тоник, измијте го лицето со млака вода, исушете го лицето со крпа оставајќи го малку влажно, а потоа нанесете го серумот.rn

3. Слоевита хидратација

rnПопуларното раслојување на производите еден врз друг, исто така, може да додаде повеќе влажност на вашата кожа. Но за да избегнете грешки, а за максимално да ја искористите моќта на хранливите препарати, основното правило е да нанесувате слоеви од најтенки до најдебели. Започнете со тонер и серум, а потоа преминете на крем.rn

4. Не занемарувајте го влијанието на сонот

rnКожата природно се обновува во текот на ноќта, па ниту еден крем не може да го замени квалитетниот сон. Обидете се да спиете седум до осум часа за да спречите појава на подочници, но и за кожата да има време да се регенерира и да ги залечи штетите предизвикани во текот на денот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети заа ноќна нега на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и 5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr