„Од утре почнувам со вежбање,“ „Неделава ќе врне, ќе почекам подобро време,“ „Ми се јави другар/ка ми за на кафе, нема да имам време за вежбање денес…“ – ова се само неколку од секојдневните оправдувања со кои се „вадат“ поголемиот дел од оние кои се убедуваат себеси да почнат со вежбање.rnrnНе е тајна дека вежбањето не ни е секогаш омилениот дел од минатото. Но, сепак сите ние знаеме дека од него имаме само придобивки. Најтешкиот дел е одлуката да се започне од почеток. Пронајдете ја вашата внатрешна сила и решителност преку овие мотивациски цитати кои се наменети да ви помогнат при одлуката конечно да започнете со вежбање.rnrn
rn
rn
„Вчера рече утре.“ – Најк
rn
„Без разлика колку споро се движиш, сепак си побрз од оние кои седат на каучот.“ – непознат автор
rn
„Човекот сам си ги поставува ограничувањата, не прави го тоа.“ – Ентони Бејли
rn
„Болката е привремена. Откажувањето трае цел живот.“ – Ланс Армстронг
rn
„Линијата на финишот е само почеток на нова трка.“ – непознат автор
rn
„Трчањето е најголемата метафора за животот, бидејќи од него го добиваш она што во него си го вложил.“ – Опра Винфри
rn
„Единствениот хендикеп во животот е лошиот став.“ – Скот Хамилтон
rn
rn
rn
„Не станува збор за тоа дали ќе те соборат, туку за тоа дали потоа ќе станеш.“ – Винс Ломбарди
rn
„Не постои такво нешто како лошо време, само слаби луѓе.“ – Бил Бауермен
rn
„Страст е кога нема никој околу мене, кога сме само јас и патот и самиот се бодрам себеси да продолжам.“ – Рајан Шеј
rn
„Вежбај! Немаш време да НЕ го правиш тоа.“ – непознат автор
rn
„Трчањето е 80% психичка работа.“ – Џоан Беноа Семјуелсон
rn
„Никој, никогаш не се удавил во пот.“ – непознат автор
rn
„Опседнатост е само збор кој мрзливите го употребуваат за да ги опишат посветените.“ – Расел Ворен
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
