Иако во духот жените може да се чувствуваат како тинејџерки, со тек на време добиваат значајни обврски и работни позиции. Поради тоа, колку и да ги сакаат, треба да ги исфрлат од својата гардероба парчињата облека кои не се соодветни за возраста. Исто така, многу е важно да се инвестира во стилски парчиња кои ќе ја истакнат вашата фигура и ќе придонесат да изгледате младо и свежо. Следете ги овие совети и изградете го вашиот нов стил, со кој ќе го задржите и негувате и младиот дух:rn
1. Класични еднобојни маички
rn
rnrnНосете еднобојни маички со кратки ракави без никаква апликација на нив. Експериментирајте со должината на ракавите, обликот на јаката и кројот. Можете да ги комбинирате со здолништа, фармерки и соодветни чевли.rn
2. Голем црн џемпер
rn
rnrnКога ја бирате големината, погрижете се да не изгледате како да се губите во џемперот. Одберете го така што ќе ви биде точен, но и доволно долг и широк за да биде удобен.rn
3. Квалитетни фармерки
rn
rnrnВашето омилено парче од тинејџерските години лесно може да се вклопи во модниот стил. Треба да внимавате кројот да одговара на вашето тело, што не значи дека треба да ги следите слепо новите трендови. Високиот струк, на пример, ќе ја истакне силуетата, а тесниот крој е одличен ако имате цврсти и извајани нозе. За девојки со облини, одличен избор е и класичната џинс-ткаенина и правиот крој.rn
4. Јакна, палто, наметка или мантил
rn
rnrnДодајте елеганција во вашиот изглед со мантил или сако. Тука можете да експериментирате со должината, јаката и струкирањето, како и со боите. На пример, мастило-сината боја добро стои и со маичките од точка 1, но и со секоја нијанса на џинс.rn
5. Модни додатоци
rn
rnrnСо правилен избор на накитот, не само што ќе изгледате младо, туку и ќе покажете одлична смисла за стил. Изберете дискретни и лесни парчиња накит кои ќе ви го надополнат целокупниот изглед.rn
6. Чизми до глуждови
rn
rnrnОбувка која со години е во тренд, а која ќе придонесе нозете да ви изгледаат потенки и подолги. Деталите како копчиња, патенти или панделки ќе направат да изгледате уште помодерно. Комбинирајте ги со препораките од претходните точки.rn
7. Високи потпетици
rn
rnrnСекоја жена треба да поседува најмалку еден пар чевли со висока потпетица. Во прилики кога треба да изгледате елегантно и привлечно, нема подобар избор од класични салонки, изработени од квалитетен материјал, што одлично стојат и со фармерки и со фустани. Изберете ја височината што ви одговара, за да избегнете непријатни болки.rn
8. Лош избор на долна облека
rn
rnrnКога купувате долна облека, внимавајте на тоа да можете да ја носите со облеката која веќе ја имате. Во продавниците има многу избор на бои и ткаенини кои не се видливи под облеката, а исто така можете да изберете модел без рабови. За градник, имајте повеќе модели, од оние со мазна корпа, до оние кои се украсени со тантела и комбинирајте ги соодветно.
