Зои е мачка на која никој не може да одолее. Таа е навистина посебна благодарение на црниот белег во форма на срце што го носи на градите. Интересно е тоа што никој не го забележал ова, сѐ додека не дошле нејзините нови „родители“ да ја посвојат.rnrn
rnrnВеднаш штом ја здогледале, тие се вљубиле во неа и ја посвоиле заедно со нејзината сестра. Како што Зои растела, така и нејзиното крзнено срце се зголемувало. Токму затоа и го добила прекарот „Кралица на срцата“ (Queen Of Hearts).rnrn
rnrnЗои и нејзината сестра Изи имаат сопствен Инстаграм профил, каде што моментално можат да се пофалат со речиси 75.000 следбеници. На почетокот, целото внимание го привлекувала Зои поради нејзиниот неодолив белег во форма на срце, но неодамна и Изи станала исто толку популарна благодарение на нејзините преслатки изрази на лицето.rnrn
rnrnИ двете мачки се подеднакво слатки, но имаат различен карактер. Изи е бестрашна со авантуристички дух, а Зои е повнимателна, но и многу љубопитна. Погледнете ги нивните фотографии кои несомнено ќе го освојат и вашето срце!rnrn
rn
Понекогаш Зои е навистина будалеста
rn
rn
Но, знае да биде и најсериозната мачка на светот
rn
rn
Погледнете го само овој пресладок израз на лицето!
rn
rn
Зои и нејзината сестра Изи се навистина неразделни!
rn
