Првенствено слушалките се користат кога сакаме да слушаме музика или кога гледаме филмови, но нивната употреба не е толку едноставна како што делува на прв поглед.rnrn
rnrnИстражувањето на германскиот Битком покажало дека дури 47% од луѓето ги носат слушалките за да се оттргнат од својата околина, а 42% од испитаниците ги користат за да делуваат недостапно на луѓето околу нив.rnrnСекој петти испитаник ги користи слушалките за да ги извршува работните обврски без пречки, а исто толку од нив ги носат само како моден додаток. Интересно е и тоа што 23% од луѓето рекле дека воопшто не користат слушалки. Истражувањето покажало дека 70% од луѓето во Германија, постари од 16 години, поседуваат барем еден пар слушалки.rnrnСветската здравствена организација вели дека треба да слушате гласна музика на слушалки барем еден час дневно. Сепак, можеби треба да ги користите слушалките и со нивната првична намена.
Вистинската причина поради која луѓето носат слушалки, а тоа не е слушањето музика
