Никогаш не сте јаделе маслинки додека сте биле сингл, но по неколкумесечна сериозна врска, не можете да си го замислите животот без нив?rnrn
rnrnСпоред една неодамнешна студија објавена во Appetite journal, вашите преференции за вкус и мирис (со други зборови, тоа што сакате и не сакате да го јадете), можат целосно да се променат со цел да бидете посинхронизирани со вашиот партнер. Звучи лудо, се согласувате?rnrnИстражувачите проучувале 100 парови кои биле во врска од 3 месеци до 45 години и ги мереле нивните одговори на различни миризби и вкусови. Тие откриле дека колку подолго сте во врска, толку вашите рецептори за вкус работат на посличен начин.rnrnНо, зошто се случува? Со оглед на тоа што партнерите делат ист дом (вклучувајќи кујна и фрижидер) и најчесто заедно јадат, големи се шансите да делат исти оброци. И кога ќе почнете да јадете одредени состојки редовно, вашите преференции за вкус полека се менуваат и адаптираат.rnrnИзгледа само прашање на време е кога ќе почнете да сфаќате дека брокулите се многу повкусни од макароните, бидејќи според вашиот партнер, тие се неизбежен дел од здравата исхрана…rnrnПрочитајте ги и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска!
Вашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врска
