Иако е тешко да издвоите време за себе, навиките како што се склопување „договор“ за времето поминато со себе и раното станување може да ви помогнат да се чувствувате посреќно и да се одморите! Во овој стресен и забрзан модерен начин на живот, за здрава психа е многу важно да одвоите време кое ќе го посветите исклучиво за своите потреби. Иако ова изгледа невозможно, некои навики можат многу да ви помогнат да ја постигнете оваа цел.rnrn
rn
1. Будете се порано
rnБез разлика колку тешко ви изгледа со оглед на тоа дека и така треба да се будите порано – разбудете се половина до цел час пред останатите и пред обврските. Со ова ќе си овозможите тоа време да го искористите само за себе. Дури и ако само седите и пиете кафе, не размислувајќи за ништо или пак размислувајќи за денот кој е пред вас, ова е одличен начин да го испразните мозокот, да уживате во моментот на тишина и во мир да го испланирате денот.rn
2. Поставувајте граници на работното место
rnЛичностите кои успеваат да ги завршат сите свои обврски ја затвораат вратата од канцеларијата или ставаат слушалки доколку работат со повеќе луѓе. Па така, на работното место може целосно да се посветат на своите задачи и да ги извршат обврските. Иако денес е модерно да се зборува за „мултитаскинг“, тој всушност не функционира онака како што би сакале. Ако извршувате повеќе работи истовремено, тоа всушност значи дека сè ќе биде извршено површно, а ќе потрошите повеќе време отколку да сте ги извршувале задачите една по една.rn
3. Користете паузи за ручек – надвор од работното место
rnИако мислиме дека ручекот пред компјутер или некаде заедно со работата нè прави попродуктивни, всушност е спротивното. Ова е идеална прилика да одвоите време за себе и да се одморите. Тоа е исклучително важно и поради тоа што тогаш потполно ќе се фокусирате на она што го јадете – ќе изедете помалку, поздраво и подолго време ќе бидете сити.rnrn
rn
4. Исклучете се од работната рутина и практикувајте го вашето хоби
rnБез оглед на тоа дали можете да издвоите само 15 минути или половина час за вашите интереси, тоа време е важно, бидејќи тогаш потполно ќе се исклучите и ќе се посветите на она што ве радува. Можете да се исклучите и со вежбање, цртање или читање. Само немојте тоа време да го искористите за прелистување на постови на некоја од социјалните мрежи, на мобилниот телефон, бидејќи така нема да се одморите.rn
5. Вистинските договори – сами со себе
rnДа се договорите нешто самите со себе е подеднакво тешко, колку и лесно. Додека лесно ќе испланирате во кое време сакате да го сторите тоа, подеднакво е тешко дека ќе останете на планот и дека потполно ќе се посветите на себе. Прво планирајте по малку, на пример, 15-минутна прошетка или пак 10 минути кои ќе ги поминете во медитирање, да се тргнете од екранот и да уживате во зеленилото во паркот. Договорете се и дека плановите кои сте ги направиле сами со себе не смеете да ги прекршите!rnrn