Истражувањата откриваат: Како ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот?

Сподели

Сите сакаат да ја запознаат љубовта на нивниот живот со која ќе останат засекогаш заедно. Луѓето се во постојана потрага по нивната сродна душа на социјалните мрежи, во кафулиња, барови и дискотеки со надеж дека ќе се вљубат додека танцуваат на омилените хитови. Меѓутоа, сигурно сте забележале дека таквите средби не се многу успешни. Дали некогаш сте се запрашале каде постои најголема веројатност да го запознаете вистинскиот или вистинската? Не сте единствени. Научниците, социолозите и љубовните експерти се исто така љубопитни кога станува збор за ова прашање.

Реклама

Од таа причина, постојат многу истражувања на оваа тема. Најновите студии откриле кое е местото каде што најверојатно ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот, кога ќе се случи тоа и што ќе биде потребно да направите за да стапите во брак.rn

Да почнеме со годините

rnСпоред некои истражувања, жените ќе го запознаат нивниот иден сопруг на 25-годишна возраст. Мажите ќе ја запознаат нивната сродна душа малку подоцна, кога ќе имаат околу 28 години.rn

Како ќе се запознаете?

rnРезултатите од истражувањата покажале дека поголемиот дел од луѓето ги запознале нивните сопружници преку заеднички пријатели. Околу 38% од врските започнале благодарение на пријатели на пријатели. 22% од испитаниците одговориле дека ја нашле нивната љубов на некаков социјален настан. Истото истражување испитало како врските се развивале по првата средба. Половина од најуспешните врски започнале како платонско пријателство.

Друго истражување дошло до слични податоци. Имено, тоа открило дека 30% од сите современи врски започнале благодарение на заеднички пријатели. На второ место било запознавањето во бар или ресторан. На трето место се нашло запознавањето преку социјални мрежи, но сите знаеме колку ужасно може да биде тоа.rn

Кога мажот ќе биде подготвен да предложи брак?

rnПостојат неколку истражувања што ги откриле факторите кои влијаат на подготвеноста на мажите за брак. Ова се нивните сознанија…

rn

1. Мора да бидат финансиски стабилни

rnПовеќето мажи не ни помислуваат на брак додека не најдат стабилна работа и кариера. Ова е многу логично и научно докажано.rn

2. Мора да бидат на одредена возраст

rnМажите со завршено средно образование размислуваат да се венчаат на 23 до 25 години. Момците со завршено високо образование почнуваат да размислуваат за брак на 25 до 29-годишна возраст, додека пак оние со завршени постдипломски студии се „чуваат“ до 32 години.rn

3. Но, не смеат да претераат со чекање

rnОткако ќе наполнат 38 години шансите за брак кај мажите драстично се намалуваат.rn

4. Мажите одлучуваат да стапат во брак затоа што им се смачило од љубовните состаноци

rnПоголемиот дел од мажите сакаат да бидат со различни жени и да имаат редовен секс. Меѓутоа, исто како и на жените и ним може да им се смачи од љубовните состаноци. Мажите мора да се изморат од одењето на љубовни состаноци со различни жени за да посакаат да стапат во посериозна врска и да го преземат следниот чекор во животот.rn

5. Мажите одлучуваат да се венчаат и поради тоа што чувствуваат дека не припаѓаат на местата за љубовни состаноци

rnБаровите се полни со млади луѓе и жените мислат дека таму можат да ги најдат нивните идни сопрузи. Доколку мажите почувствуваат дека се премногу стари за да одат по такви места, почнуваат да ја бараат „вистинската“. Други, пак, не можат да го издржат темпото на постојани излегувања и им треба постабилен живот.rn

Па, каква е вашата љубовна иднина?

rnНајверојатно ќе ја сретнете вашата вистинска љубов во средните или доцните 20-ти години од животот. Ќе се запознаете додека сте излезени со пријателите, преку заеднички пријател или преку социјалните мрежи. Мажот за да посака да стапи во брак мора да му е смачено од излегувањето на љубовни состаноци и да има изградено стабилна кариера.

Во продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

Популарно

Може ќе ве интересира