Треба ли да се загрижите ако не одговорите точно на овие 5 прашања? Само еден начин постои да дознаете. На секое од 5-те прашања мора да одговорите веднаш, без одолговлекување. Имате 5 секунди. Подготвени? Почнуваме!rnrn
rnrn1. Учествувате во трка. Ја престигнувате личноста која е на второ место.rnrnНа кое место сте вие?rnrn2. За да одговорите на второто прашање не размислувајте толку долго колку за првото.rnrnАко во трката ја престигнете последната личност, тогаш вие сте…?rnrn3. Многу зафркната математика! Ова мора да го решите без дигитрон или лист и пенкало.rnrnИмате 1.000. Додајте 40. Сега додајте уште 1.000. Па додајте уште 30. Додајте пак 1.000. Сега додајте 20. А сега, додајте уште 1.000. На крајот додајте 10. Колку добивте?rnrn4. Татко ѝ на Марија има 5 ќерки: 1. Нана, 2. Нена, 3. Нина, 4. Ноно.rnrnКоја е петтата?rnrn5. Нема личност сака да купи четкичка за заби. Како го прави тоа? – Имитарјќи ги движењата за миење заби успева да ѝ објасни на продавачката што точно сака.rnrnАко слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како тоа ќе ѝ го објасни на продавачката?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговори:” active=”false”]rnrn1. Ако сте одговориле дека сте први, не сте во право. Ако ја престигнете втората личност, го заземате нејзиното место, значи сте втори.rnrn2. Ако сте одговориле дека сте претпоследни, повторно не сте во право. Како можете да ја престигнете последната личност?rnrn3. Дали добивте 5.000? Точниот одговор е 4.100. Не верувате? Ајде сега обидете се со дигитрон.rnrn4. Нуна? Не. Секако дека не. Нејзиното име е Марија, а одговорот е даден во прашањето.rnrn5. Па со зборови, секако.rnrn[/toggle_item]rnrn[/toggle_box]rnrnНе се покажавте баш добро во ова? Не значи дека не сте интелигентни, но веројатно ова не е вашиот најдобар ден. 🙂
Тестирајте ја вашата интелигенција: 5 прашања за 5 секунди
