Нарцисите, психопатите и садистите имаат едно заедничко нешто – „црно јадро“ како основа на нивниот карактер. Неодамнешните истражувања покажале дека овие таканаречени мрачни карактерни особини се манифестација на тенденцијата да се ставите себеси на прво место на туѓа сметка. Оваа прикриена тенденција којашто научниците ја нарекле „фактор Д“ може да се измери со онлајн тест.rnrn
rnrnПретходните истражувања се фокусирале на разликите помеѓу мрачните особини, бидејќи се разбира дека има разлика во однесувањето на нарцисите и психопатите.rn
„Сега сме позаинтересирани за сличностите на овие карактерни особини“, изјавил Инго Зетлер, професор по психологија на Универзитетот во Копнехаген.
rn
Генерална темнина
rnД факторот што Зетлер и колегите го опишале во истражувањето е сличен со концептот на генерална интелигенција, односно „Г фактор“. Кога се работи за интелигенцијата, Г факторот е број што ги сумира резултатите од разни тестови за интелигенција. Личноста што е добра во просторно размислување често би извадила и добри резултати на тестовите за вербално изразување или математика. Г факторот на личноста може да предвиди работи како успех на работното место, приход, па дури и здравје.rnrnОбично истражувачите се фокусираат на не повеќе од 3 мрачни особини истовремено. Една од најчестите групи е „мрачното тројство“:rn
- rn 011
- Нарцизам (преголема себичност)
- Макијавелизам (манипулација на луѓето во сопствена корист)
- Психопатија (антисоцијално и бездушно однесување)
rn 011
rn 011
rn
rnЗетлер и тимот ја прошириле листата на основа на претходни истражувања тестирајќи вкупно 9 мрачни особини. Останатите шест се:rn
- rn 011
- Егоизам (фокус само на сопствените достигнувања)
- Морално ослободување (верување дека етичките правила не важат за вас)
- Психолошко право (верување дека заслужувате повеќе од другите)
- Садизам (задоволство од повредување на другите)
- Злонамерност (желба за одмазда, па дури и на сопствена сметка)
- Заинтересираност само за себе
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnВо три одделни истражувања во кои учествувале неколку стотици илјади испитаници, тие пополнувале онлајн прашалници, па потоа биле споредувани резултатите.rn
Мрачниот фактор
rnИзгледа дека карактеристиките настојуваат да одат заедно. Всушност Д факторот е доволно силен за да даде информации за целокупниот мрачен карактер, дури и ако тестот не истражува за една од деветте особини.rn
„Информациите за генералната тенденција да се однесувате на неетички начин ќе можат да се добијат само со мерење на Д факторот.“
rnЗетлер изјавил дека истражувачите планираат да откријат како се развива Д факторот со текот на времето и каква улога има во разни сценарија. Сакаат да откријат како Д факторот се поврзува со одредени однесувања. На пример, постојат многу истражувања за лични особини како психопатија и нарцизам и какво е нивното влијание на работното место.rn
„Антисоцијално однесување, агресија, мамење – сето ова треба да се поврзе со мрачниот фактор“, изјавил Зетлер.
