КАФЕ ПАУЗА

4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

Written by

in

,

Во сите врски, без разлика дали се романтични, професионални, семејни или финансиски, може да чувствувате огорченост, иритација или нетолеранција кон некого. Ако поминете години бегајќи од тоа, ќе забележите дека вашата лутина влијае врз вашето здравје. Лутината и огорченоста предизвикуваат проблеми како прејадување или алкохолизам, а вознемиреноста влијае на вашето размислување, создава дигестивни проблеми и предизвикува несоница. Порано или подоцна, ќе треба да разговарате за некој проблем што го имате со некого, па најдобро е да ги користите овие чекори за справување со напнатите односи и разговори на работа или дома.rnrn4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолацијаrn

1. Кажете ги вашите намери

rnСите луѓе имаат различни намери и гледаат различни можности во секоја ситуација. Разликите се добредојдени затоа што забележувањето на разликите помага да се избегнат понатамошните проблеми.rnrnКога ги споделувате вашите намери со некого, нагласувате што е навистина важно за вас.rn

2. Споделете го тоа што ве загрижува

rnОвој дел од разговорот служи за да ги искажете сите грижи и стравови и е најлесниот дел за многумина затоа што мозокот честопати бара проблеми и се фокусира на сè што може да тргне наопаку. Со искажување на вашите најголеми стравови, вие им ја одземате силата и полека ги отстранувате.rn

3. Воспоставете граници

rnГраниците се линија што не треба да ја преминете или линија што другата страна не смее да ја премине. Запомнете, не мора да добивате сè што ќе посакате, но на овој начин може јасно да ги решите старите несогласувања и да ги избегнете идните проблеми.rnrnАко сега сте во изолација со некого, границите може да бидат: „Сакам да вежбам на терасата секое утро“ или „Кога имам слушалки, тоа значи дека не сакам да ме вознемирувате“.rn

4. Споделете ги вашите желби

rnВо моментов можеби сонувате сите да излезете од оваа состојба здрави, среќни, па дури и уште повеќе поврзани, додека некој друг можеби има сосема различни желби и соништа и е повеќе загрижен за нешто друго. Сепак, кога сето ова ќе заврши, ќе се гордеете ако сте се поддржувале едни со други во овие стресни времиња. На крајот, ќе се чувствувате посилни, поотпорни и среќни што сите се добро.rnrnПрочитајте како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.