Постојат многу различни видови оптички илузии, но сите тие имаат една заедничка карактеристика – успешно нè залажуваат создавајќи ни искривена перцепција за она што всушност го набљудуваме. Иако најчесто се во функција на забава, оптичките илузии имаат и многу поширока примена, од медицината и технологијата, па сè до уметноста.rnrn„Оптичките илузии можат да откријат и дали сте под стрес“ – тврди професорот Акијоши Китаока од Универзитетот Ритсумеикан во Кјото. Тој се прослави откако ја креираше оптичката илузија „ротирачки змии“, за која тврди дека е брз и ефикасен стрес тест.rnrn
Оптичка илузија против стрес
rnЗагледајте се во оваа оптичка илузија и ќе почувствувате како ве напушта заморот, лошото расположение, депресијата и обесхрабреноста. Ова е одлична слика која навистина делува. Гледајте онолку долго колку што треба додека не се почувствувате дека ви е подобро.rnrn
