Денес Кинезите стојат рамо до рамо со светските сили и секојдневно покажуваат извонредни технолошки достигнувања. Еден таков потфат и тоа во областа на туризмот е изградбата на хотелот The intercontinental Shanghai Wonderland, пуштен во употреба во ноември 2018, во Шангај.rnrn
rnrnОна што го привлече вниманието на цел свет во врска со хотелот е неговата локација. Имено, хотелот е изграден во напуштен каменолом. Од 18 ката, дури 16 се наоѓаат во подземје, а два ката се под нивото на водата во вештачкото езеро кое се наоѓа на истата локација. Целиот комплекс наликува на огромен водопад од зеленило и стакло кој се спушта по карпата на каменоломот во бездна длабока речиси стотини метри.rnrn
rnrnСе работи за истите архитекти чии имиња стојат зад најлуксузните хотели во светот, на пример Бурџ Ал Араб во Дубаи. Зеленилото пак, е дел од еколошкиот дизајн. Самиот хотел произведува електрична енергија, сопствено греење и осветлување преку користење геотермална и сончева енергија.rnrn
rnrnХотелот со пет ѕвезди располага со 337 соби и конференциска сала која може да прими околу 1.000 луѓе, како и ресторан и кафуле на врвот. Иако хотелот е сместен среде каменолом, сепак собите имаат балкон и прекрасен поглед кон водопади. За многумина, овој хотел е дестинација сама по себе благодарение на неговиот луксуз и убавина. На крајот на краиштата, би помислиле ли дека некогаш би имале можност за луксузен престој под земја?rnrn
rnrnОткако прочитавте за првиот подземен хотел во светот, ви предлагаме да прочитате и како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.
