Кратко и слатко: Совети за секс набрзина за оние моменти кога сте многу зафатени

Сподели

Во денешно време ретко кој може постојано да си дозволува романтични вечери и повеќечасовно водење љубов. Токму затоа погледнете ги следниве неколку совети со кои можете да се погрижите дека ќе имате одличен секс набрзина!

Реклама

rn

1. Почнете со бакнежи

rnБакнувањето е процес кој возбудува бидејќи ги буди вашиот нервен и ендокрин систем, па токму затоа ќе ве доведе до хормонално лудило и ќе предизвика страст и желба.rn

2. Не губете време на целосно соблекување

rnВо овие моменти не треба да се фокусирате на вашата облека. Ниту вам ниту на вашиот партнер нема да ви смета доколку носите градник или кошула.rn

3. Менување локации

rnСексот набрзина во кревет ќе ви здодее многу брзо, па токму затоа можете да ја однесете акцијата во некоја друга просторија од вашиот дом, како тоалетот или кујната. Бидете креативни во изборот, бидејќи токму овие промени на локацијата водат кон дополнително возбудување.rn

4. Вклучување фантазија

rnФантазијата може да ви помогне многу брзо да се возбудите доколку сте ограничени со време, па токму затоа дозволете таа да се одигра во вашата фантазија и дополнително да ја разгори вашата сексуална желба. Иако лежите на кревет, замислете дека сте на тропска плажа или на друга егзотична дестинација. На овој начин вие целосно ќе се изолирате од сите препреки и ќе можете да се опуштите и да уживате во сексуалниот однос.rn

5. Вклучете валкано зборување

rnПоиграјте си со зборовите доколку сакате да го постигнете најголемото задоволство. Не се воздржувајте и кажете ги сите оние нешта кои ви поминуваат низ глава. Употребете валкано зборување и разгорете ја фантазијата на вашиот партнер. Кажете му/ѝ ги сите оние нешта кои сакате тој/таа да ви ги направи, а потоа препуштете им се на страстите.

Популарно

Може ќе ве интересира