Хотелот „Атлантис“ се наоѓа на вештачкиот архипелаг Палм Џумеира во Дубаи. Откако е отворен во 2008 година, хотелот претставува синоним за луксуз. Но, наскоро ќе биде готов и „Атлантис 2“, кој се очекува да биде многу подобар од оригиналниот.rnrn
rnrn„Атлантис 2“ треба да биде изграден до крајот на 2020 година. Дубаи ќе плати 1,4 милијарди долари за изградба на хотелот, а него го гради групацијата „Керзнер“, која стои и зад првиот „Атлантис“.rnrnКомплексот, кој започнал да се гради во 2014 година, ќе има две кули. Во едната кула ќе биде сместен луксузен хотел, додека во другата ќе има апартмани кои ќе бидат на продажба. Она што е најинтересно во врска со новиот хотел е тоа што тој ќе има „спа-мост“ со базен кој ќе ги спојува двете главни кули на хотелот. Меѓу останатото, гостите ќе уживаат и во приватни базени и за нив ќе готват познати готвачи.rnrnКулата во која ќе биде сместен хотелот ќе има 795 соби и апартмани на 43 ката, како и приватни клубови, ресторани и барови.rnrnВо резиденцијалниот дел ќе има 231 апартмани со две до пет соби. Најниската цена за еден апартман е два милиони долари. Сите резиденции ќе имаат градина со балкон и базен, а станарите ќе имаат и своја приватна плажа.rnrnКако ќе изгледа сето ова? Погледнете во видеото.rnrnhttps://youtu.be/Cap5zmeW7_MrnrnТреба да се почека за да се види овој хотел, но дознајте како да добиете луксузна соба во хотел без доплата?
Како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот?
