Познатиот филозоф од Словенија, Славој Жижек неодамна објави текст во кој објаснува како трендот на здравата исхрана е поврзан со консумеризмот, а пред сè со одредената идеологија што ја „купуваме“ заедно со таквиот животен стил.rnrn
rnrnЕве што вели тој во текстот…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„За време на една моја неодамнешната посета на Калифорнија, вечерав во куќата на еден професор, заедно со еден мој словенечки пријател, страстен пушач. Доцна вечерта, мојот пријател стана очаен и учтиво ги замоли домаќините да запали цигара на терасата.rnrnКога домаќинот, не помалку љубезно, рече ‘не’, мојот пријател рече дека ќе излезе на улицата. Домаќинот го одби и тоа. Рече дека пушењето во јавност може да му наштети на неговиот статус во соседството. Но, она што навистина ме изненади беше тоа дека по вечерата домаќинот ни понуди (не баш) лесна дрога. Пушењето не беше никаков проблем сега, како дрогата да не е поопасна од цигарите.rn
Сè може, но…
rnОвој чуден настан е сведоштво за безнадежноста на денешниот консумеризам… Од една страна е потрошувачот кој калкулира со задоволството, добро заштитен од сите форми на злоупотреба и закани по здравјето, а од друга страна, зависникот од дрога или самодеструктивниот пушач.rnrnУживањето се толерира, дури и се поттикнува, под услов да е здраво и да не ја загрозува нашата психолошка или биолошка стабилност: чоколадо, да, но без маснотии.rnrnКока пијалак, да, но диетален; кафе, да, но без кофеин; лименка пиво, да, но без алкохол; мајонез, да, но без холестерол; секс да, но безбеден…rnrnШто се случува овде? Во последнава деценија, отприлика, настана ‘културниот капитализам’. Купуваме производ, да речеме, органско јаболко бидејќи е слика за здрав начин на живот. Она што ние всушност го купуваме кога купуваме ‘органска храна’ е одредено културно искуство, искуство на ‘здрав, еколошки начин на живот’.rnrnИстото важи и за секое прикажување на ‘реалноста’. Во реклама што се емитуваше пред десет години ширум САД, група на обични луѓе беа прикажани како уживаат во скара и танцуваат на кантри музика.rnrnПридружниот текст беше: ‘Говедско месо. Вистинска храна за вистинските луѓе’. Иронијата е во тоа што месото, понудено како симбол на одреден животен стил (на ‘вистинската’ работничка класа во Америка), е повеќе хемиски и генетски манипулирано од органската храна што ја консумира „вештачката“ елита.rnrnКупуваме сè помалку и помалку производи (работи) што сакаме да ги имаме, и сè повеќе животни искуства како сексот, јадењето, комуникацијата, културата, начинот на живот. Ние ја купуваме нашата форма на телото во теретаните, купуваме духовно просветлување со запишување на трансцендентални курсеви за медитација и ја купуваме нашата јавна личност со одење во ресторани во кои одат луѓето со кои сакаме да се поврземе.rnrnИ антипотрошувачката екологија е случај на купување автентично искуство.rnrnИма нешто лажно смирувачко во нашата подготвеност да прифатиме вина за заканите по околината – сакаме да бидеме виновни, затоа што ако сме виновни, тогаш сè зависи од нас. Ние ги повлекуваме конците на катастрофата за да можеме да се спасиме живеејќи поинаку.rnrnОна што е навистина тешко да се прифати (барем за западњаците) е дека ни е дадена улогата на пасивен набљудувач кој може само да седи и да гледа каква ќе биде неговата судбина. За да се избегне оваа ситуација, ние имаме тенденција лудачки опсесивно да посакуваме да бидеме вклучени во разни активности, да рециклираме стара хартија, да купуваме органска храна, што и да е, само за да бидеме сигурни дека правиме нешто, да дадеме свој придонес – како кога љубител на фудбалот навива за неговиот тим пред телевизорот, викајќи и скокајќи како да тоа, некако ќе влијае на исходот од натпреварот.rnrnЗарем не купуваме органска храна од истата причина? Кој навистина верува дека полускапаните и скапи органски јаболка се навистина поздрави? Работата е во тоа што со нивно купување, не само што го консумираме производот, туку и го покажуваме нашето загрижено лице и глобалната свест и учествуваме во големиот колективен проект. Ние не купуваме производи заради нивната погодност или затоа што се статусни симболи. Ние ги купуваме за да го добиеме искуството што ни го нудат, ги трошиме за да ги направиме нашите животи попријатни и значајни.rn
Експлозија на тегобност
rnНеодамнешната реклама за хотелите ‘Хилтон’ содржи едноставна парола: ‘Патувањето не е само доаѓање од точката А до точката Б. Тоа треба да нè направи и подобри луѓе’.rnrnМожевте ли да замислите ваква реклама пред десет години? Последниот научен израз на овој нов дух е појавата на нова дисциплина, т.н. студија за среќата. Како е тогаш можно, во нашата ера на духовен хедонизам, кога целта на животот е јасно дефинирана како среќа, да експлодираат тегобноста и депресијата?“[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска.