Град во кој температурите во зимата достигнуваат до -68, а во лето +38 степени Целзиусови

Сподели

Верхојанск е град во Русија каде температурите во зимата се спуштаат под нулата. Најниската измерена температура во овој град била дури до -68 степени Целзиусови.

Верхојанск може да биде потопол во летото, па понекогаш се измерени дури +38 степени Целзиусови, што е највисоката температура досега измерена во Арктичкиот круг. Последниот пат кога беше приближно топло во овој град беше во 1988 година со +37,3 степени.

Реклама

Овој град можете да го најдете во Гинисовата книга на рекорди како место со највисока температурна разлика на Земјата.

Неочекувано високите температури веќе неколку недели се постојана појава во Сибир, а покрај топлината, локалното население се бори и со пожари.

Реклама

Погледнете кои 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите.

Најново

Може ќе ве интересира