Штотуку е откриено дека постои вирус што буквално не може да се избрише од телефонот бидејќи повторно се инсталира. Ова е уште една закана за оние што користат андроид телефони.rnrn
rnrnАпликација наречена ai.type, која е инсталирана во повеќе од 40 милиони телефони, купува врвна дигитална содржина без знаење на корисникот. Покрај трошењето пари од сопствениците на овие телефони, апликацијата во позадина објавува и реклами и генерира лажни кликнувања.rnrnБезбедносната компанија „Апстрим“ (Upstream) открива дека апликацијата создала големи проблеми во 13 земји, а моментално најпогодени се Египет и Бразил. Оваа безбедносна платформа досега блокирала 14 милиони сомнителни трансакции што се обидувала да ги изврши апликацијата ai.type.rnrnОвие лажни купувања би ги чинеле сопствениците на андроид телефони над 18 милиони долари потрошени за неовластени купувања.rnrnАпликацијата под името ai.type LTD е развиена од страна на компанија од Израел и се рекламира како бесплатна тастатура за емотикони.rnrnИ покрај тоа што е отстранета од Google App Store, таа е сè уште инсталирана во милиони андроид уреди.rnrnИмате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!
Апликација што може да ви украде пари
