Ја спуштам шолјата со кафе и се ѕверам во кујната. Се прашувам, кога недај Боже би ми влегол крадец дома, колкава повреда би му нанела со дрвената лажица за манџа? За што размислува човек без работа… Зафатеноста е најважното нешто на светот. Човек без обврски почнува да филозофира и драматизира за своето постоење. Затоа решив да се фатам за работа и да пишувам…rnrnПосматрајќи го брат ми како гледа филм во кој дечкото ѝ симнува ѕвезди на девојката со клише зборови, почувствував огромна одговорност како постара сестра, која демек има врска од животот, да му дадам до знаење дека тоа е само филм и да го насочам во друг правец. Во реалниот живот, паметните девојки не паѓаат на глупави фрази. И додека му објаснував на 11-годишник дека клучот до женското срце на долгорочен период, не се „фраерските“ потези, јаките коли и симнувањето ѕвезди, почувствував потреба да го кажам тоа на разглас. Па таква лекција треба да им се одржи на многу постарите. На крај си реков, остави го детето на мира, што го замараш, секако, стискајќи палци дека нешто му влегло во глава и дека во иднина ќе порасне во вистински џентлмен, баш како што сестра му го учела.rnrnЗа да допреш до женското срце не ти се потребни лигавења, туку треба да покажеш дека ти е грижа. Кога момците ќе сфатат дека клучот до женското срце, пред сè е грижливоста? Е сега, да не си мачкаме очи. Ако веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди.rnrn
rnrnЏони Браво можеби е само лик од цртаните, но со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, а воедно се користи за да се исмеат истите. Сите негови плитки финти и клише изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а неретко добива и ќотек. Вистински пример за како НЕ се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат. Сличен случај е „македонскиот Казанова“, Тошо Малерот: „Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“rnrnШто најчесто прават мажите на состанок (уште веднаш ќе испратам извинување до исклучоците, кои секако дека ги има): ги влече нозете по пат за да те привлече звукот и да ги забележиш неговите оригиналки Адидас, „ненамерно“ секој разговор завршува со по некој детаљ за неговата кола, мафта со мобилниот како да е единствениот на земјава благословен со телефон или се фали за бројот на женски кои ги имал, (е од сите нелогичности, последново е најголемиот апсурд).rnrnАко зборуваме за состанок кој би водел до сериозна врска со иднина, тогаш нема да ја освоите ѕверејќи се во нејзиното деколте, иако не негирам дека можеби би ви успеало ако барате нешто за една вечер. Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.rnrnНема девојка која не „паѓа“ на џентлменски гестови и грижливи потези. Па нареден пат, пред да пробате да ја освоите тропкајќи со клучот од вашиот автомобил по масата, пробајте исполнет муабет кој „држи вода“. Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи. Кога ќе ѝ подарите цвеќе, ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.rnrnСакам да чујам ваше мислење на темава. Согласувања, несогласувања и аргументи. И она најважното, сакам да чујам мислење за спротивната страна. Што е со погрешните начини на заведување кои девојките ги применуваат?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
