Прочитајте кои ритуали треба да ги правите секој ден за денот да ви започне сјајно, а за да успеете да ги направите овие работи ќе треба да станете многу рано.rnrn
rn
1. Направете го она што постојано го одложувате
rnАко рано го започнете денот, тоа ќе ве поттикне да ги завршите работите што ги одложувате долго време. Тешките задачи оставете ги за рано наутро затоа што тогаш ќе имате најмногу енергија да ги завршите.rn
2. Правете го она што не стигнувате да го направите во текот на денот
rnЧесто се случува да имаат премногу oбврски, па некои луѓе се будат уште пред 5 часот за да завршат некои работи. Во овој период од денот телефонот не ѕвони, немате нови мејлови, никој не ви пречи, па ќе имате неколку часови за да ги завршите обврските што инаку не стигнувате да ги завршите во текот на денот.rn
3. Проверете ја електронската пошта
rnАко утрото го започнете организирано, можете да бидете поефикасни. Проверете ја вашата електронска пошта за да не ви се натрупуваат пораки во текот на денот. Рано наутро, додека останатите сè уште спијат, ќе можете да се фокусирате на задачите што ви се зададени.rn
4. Информирајте се
rnАко сакате да бидете информирани, следете ги вестите секое утро. Со помош на овој ритуал ќе знаете што се случило досега, но и што може да ве очекува во текот на денот.rn
5. Вежбајте
rnОдете во теретана рано наутро затоа што тогаш е потивко и има малку луѓе, што значи дека можете да вежбате на сите справи. Исто така, ќе ви биде полесно да се сконцентрирате бидејќи никој не е расположен да зборува толку рано. Освен тоа, ќе се чувствувате подобро во текот на целиот ден.rn
6. Време за хоби
rnИскористете го утрото за вашето омилено хоби. Разбудете се порано и искористете го овој период од денот за да ги истражите своите страсти, без разлика дали станува збор за пишување, за уметност или за музика.rn
7. Возење велосипед
rnНекои луѓе возат велосипед веднаш откако ќе се разбудат уште пред да го вклучат мобилниот телефон или да ја проверат електронската пошта. На овој начин, можете да размислувате за сè што ве оптоварува и ве вознемирува.rn
8. Време за читање
rnОвој период од денот е одличен за читање книги, особено ако сте мајка на мали деца, па ретко имате време за тоа. Кога ќе се разбудите рано наутро, мозокот ви е доволно буден за да се фокусирате на читањето и во куќата е мирно затоа што децата сè уште спијат.rn
9. Време за себе
rnРазбудете се порано за да имате време да изберете облека, да ја средите косата и да се нашминкате. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро и посреќно во текот на денот.rn
10. Прво кафе
rnУживајте со вашето милениче и со шолја кафе. Опуштете се и слушајте ја тишина која е тешко да ја најдете во текот на денот.rnrnПрочитајте кои други утрински ритуали ќе ви го подобрат расположението.