Навиките ни го одредуваат денот. Како што ќе го започнете утрото таков ќе ви биде и остатокот од денот. Доколку се разбудите незадоволни и нерасположени така ќе ви биде до крајот на денот, а за да го спречите тоа пробајте ги овие 5 ритуали кои сигурно ќе ви го променат расположението!rnrn
rn
Без електронски уреди
rnПовеќето од нас непосредно пред спиење имаме лоша навика да гледаме телевизија или да користиме телефон. Електронските уреди емитуваат светлина која не ни дозволува да заспиеме и потоа лошо ни влијае на квалитетот на сонот. Поради тоа се препорачува да читате книга пред да заспиете. Најдобро би било доколку телефонот го оставите настрана барем еден час пред да потонете во сон.rn
Подигнете ги ролетните
rnСончевата светлина влијае на нашиот мозок исто како и темнината. Затоа затемнете ја собата, не ги спуштајте ролетните и не ставајте тешки темни завеси за да се скриете од светлото. Додека светлината постојано нè буди, мракот му дава сигнали на нашиот мозок дека треба да се спие. Затоа не се препорачува осветлување на просторијата во којашто спиете.rn
Не консумирајте алкохол
rnДоколку сакате да се разбудите полни со елан заборавете на алкохолот пред да заспиете. Тој лошо влијае врз вашиот сон, а доколку ви се случи ноќно пијанство испијте две чаши вода пред заминување во кревет. Меѓутоа, некои податоци говорат дека е неопходно да се внесат онолку чаши вода колку што сте испиле алкохол. Ова правило посебно важи за виното.rn
Вежбајте
rnСите научни истражувања кои се занимавале со врската помеѓу менталното и телесното здравје покажале дека луѓето кои вежбаат околу два и пол часа неделно подобро спијат од оние кои не се физички активни. Кога ќе бидете уморени убаво и ќе легнете да спиете загарантирано е дека утрото ќе се разбудите одморени.rn
Уживајте повеќе
rnКога ќе се разбудите наутро потрудете се да уживате повеќе. Не брзајте никаде после станување туку дајте си себеси време за во мир да го испиете вашето утринско кафе или чај. Можете да правите што било за време на вашиот утрински ритуал кој што ви носи уживање. Нека бидат тоа 15 минути уживање во текот на кои нема да размислувате за обврските кои треба да ги извршите во текот на истиот ден.rnrnПрочитајте ги и овие 8 начини да си го направите утрото порелаксирано.