КАФЕ ПАУЗА

Што сè ќе ви се случи кога ќе ви се отвори срцевата чакра?

Што сè ќе ви се случи кога ќе ви се отвори срцевата чакра?

Срцевата чакра е четврта по ред и се наоѓа во средината на градниот кош, односно каде што се наоѓа срцето. Во колоната на чакрите во нашите тела, таа се наоѓа точно на средината и ги спојува долните и горните три. Низ долните чакри сме поврзани со земјата, а низ горните со космичката енергија и духовниот свет.rnrnШто сè ќе ви се случи кога ќе ви се отвори срцевата чакра?rnrnСрцевата чакра е како трансформатор. Таа ја трансформира енергијата на земјата и физичките реалности во вибрациони информации кои се испраќаат во горните чакри и во универзумот. Истото се случува и обратно. Енергијата од универзумот влегува низ нашата чакра на врвот на главата, и патува надоле низ другите чакри. Оваа енергија се трансформира во срцевата чакра и се манифестира во физичката реалност.rnrnСрцевата чакра исто така ги соединува и машката и женската енергија кои се потребни за креирање. Секој од нас е креатор во правилна смисла на зборот. Без разлика на полот, секој од нас има и машка и женска енергија со која можеме да создаваме. За да можеме да создаваме со одговорност и во целосна смисла, поминуваме низ многу инкарнации на ова планета за да научиме за последиците од грешните креирања, како и за универзалната радост и хармонијата во сè што постои. Кога срцевата чакра е целосно функционална, нејзината енергија се шири и на останатите чакри и ги лекува, а со тоа почнува процесот на лекување на целото тело.rnrnПреку срцевата чакра примаме енергија од околината која ни дава информација за тоа дали нешто е или не е во хармонија со универзумот. Кога постои хармонија, чувството во срцевата чакра е прекрасно. Чувствуваме бескрајна радост која сакаме да остане. Чувствуваме љубов која со радост сакаме да им ја пренесеме на другите. Се чувствуваме живо и исполнето. Хаосот и недостатокот од хармонија предизвикуваат болка, односно нашето срце пати.rnrnНашето срце е главен показател за тоа дали создаваме нешто правилно. Преку срцевата чакра ја чувствуваме универзалната љубов и врската со целиот универзум. Но исто така ја чувствуваме и болката на другите и сочувствуваме со нив.rnrnКога не знаеме како да се справиме со неподносливата болка, нашето срце се затвора. Со нашата нерамнотежа им предизвикуваме болка на другите, бидејќи и тие ја чувствуваат нашата болка. Го затвораме нашето срце за да не ја чувствуваме болката, но престануваме да ја чувствуваме и универзална љубов. Забораваме како изгледа тоа и стануваме бесчувствителни. Тогаш почнуваме повеќе да го користиме логичниот ум, а со тоа и самото его. Низ егото настануваат стравот, мразењето, бесот и страста. Но преку егото настанува и заљубеноста која често ја мешаме со вистинската универзална и космичка љубов. Ова е верижна реакција на која ѝ се ближи крајот, бидејќи е време за повторно отворање на срцевата чакра.rnrnКога срцевата чакра ќе почне повторно да се отвора, првото нешто што ќе го доживееме е бескрајна радост и воодушевување. Чувство на слобода и љубов кон сите и кон сè што нè опкружува. Јачината на ова чувство варира од личност до личност. Најмногу зависи од тоа колку е личноста подготвена да го совлада стравот од тоа со своето срце повторно да ја чувствува и болката на другите.rnrnЕнергијата која протекува низ срцевата чакра повторно го активира процесот на трансформирање на енергијата од горните и долните чакри, како и процесот на соединување на машката и женската енергија. На овој начин повторно ја добиваме нашата заборавена способност, односно почнуваме да ја креираме нашата реалност. Овој пат конечно ќе знаеме како да го направиме тоа, бидејќи низ многуте инкарнации сме искусиле разни облици на хаос, болка и патење.rnrnОгромното искуство кое сме го стекнале ни овозможува да го надвладееме стравот од болката и повторно да го започнеме процесот на љубов. Во нашиот свет сè уште постои хаос, па во почетната фаза на отворањето на срцевата чакра ќе ја чувствуваме болката на другите. И тоа до тој степен што може да се појави и физичка болка во градите. Оваа болка може да предизвика повторно затворање на срцевата чакра, но тоа е само процес на прилагодување и на ускладување со хармонијата која ќе ја почувствуваат сите.rnrnКолку повеќе луѓе ќе го отворат своето срце, ќе шират љубов кон другите и ќе им помогнат да го надминат стравот и да ги отворат нивните срца. Универзалната љубов соединува.