Веќе знаете дека трендовите кружат и она што е старо повторно станува ново. Ова важи за модата, музиката и уметноста. Кога станува збор за архитектурата, најдобар пример за ова е брутализмот.rnrn
rnrnОд средината на 20-тиот век, овој стил станал навистина популарен, а својот врв го достигнал во средината на 1970-тите. Потоа популарноста почнала да се намалува бидејќи стилот се гледал како модел за лош вкус. Но денес ова се променува и се појавува нов интерес за овој неверојатен архитектонски стил.rnrnПознат по бетонот и челикот, брутализмот најмногу бил користен за институционални објекти. Името не потекнува од градбите кои наликуваат на тврдини, туку од името на бетонот што најчесто се користи – „béton brut“.rnrnБрутализмот често е поврзуван и со урбаната теорија од 20-тиот век која следела социјалистички идеали. Со потребата за изградба по Втората светска војна, брутализмот земал замав ширум светот, но најмногу во Велика Британија и источноевропските комунистички држави.rn
Потекло на брутализмот
rn
rnrnШвајцарско-францускиот архитект Ле Корбузие навистина го сакал бетонот и таа љубов ја пренел во градба која се смета дека е раѓањето на брутализмот. Зградата Unité d’Habutation во Марсеј, Франција, била првиот негов проект во 10 години. Поради војната не бил во можност да твори. Градбата била завршена во 1952-ра година и била дом за работничката класа. Дизајнот на архитектот вклучувал огромна бетонска рамка во која биле вметнати апартманите. Комплексот во кој собира и до 1.600 луѓе немал никакви декоративни елементи и ги поставил основите за идните градби во овој стил.rn
Падот на брутализмот
rn
rnrnВо 1980-тите популарноста на брутализмот почнала да опаѓа. Дел од причините биле студот и строгата природа на стилот која често била поврзувана со тоталитаризмот. Друг проблем бил бетонот кој се користел во изградбата – не стареел добро и често се познавале дамки од вода и распаѓање.rnrnБрутализмот станал симбол на урбаното распаѓање и економските проблеми. Бетонот станал совршено место за графити, кои само помогнале во распаѓањето на структурите. Во текот на 1980-тите стилот им го отстапил местото на високотехнолошката архитектура и деконструктивизмот. Ова пак, ѝ го отворил патот на постмодерната архитектура.rn
Нов интерес за брутализмот
rn
rnrnИзминативе 5 години се појавиле нови интереси за овој стил. Сè повеќе и повеќе луѓе се интересираат за брутализмот и го сакаат неговиот графички квалитет. Дури и на Инстаграм постојат над половина милион фотографии со хаштаг #brutalism, а луѓето се обидуваат да ги зачуваат примерите од стилот.rnrnНикој не знае зошто повторно се враќа овој стил. Бред Данинг од GQ има интересна теорија.rn
„Брутализмот е техно музика на архитектурата, тој е остар и заканувачки. Овие градби се скапи за одржување и тешки за уништување. Не можат лесно да се менуваат и моделираат, па остануваат онакви какви што ги замислил архитектот. Можеби движењето се враќа во мода бидејќи постојаноста е навистина атрактивна во нашиот хаотичен свет што се распаѓа.“
rnПогледнете и некои од најдобрите примери за бруталимозт.rn
Библиотеката Гејзел, Сан Диего, Калифорнија (1970)
rn
rn
Националната библиотека во Аргентина, Буенос Аирес (1961)
rn
rn
Живеалиште 67, Монтреал (1967)
rn
rn
Собранието во Бостон, Бостон, Масачусетс (1968)
rn
rn
Барбикан, Лондон (1968-1979)
rn
rn
Македонска пошта, Скопје (1989)
rn
rn
Кралскиот национален театар, Лондон (1976)
rn
rn
Трговскиот TripleOne Somerset, Сингапур (1971)
rn
rnrnПогледнете ги и овие надреални фотографии од постсоветската архитектура.