Во 50-тите години, премиерот на СССР, Јозеф Сталин, одобрил изградба на седум облакодери, со што познатата панорама на Москва целосно се променила. Овие градби биле многу различни од дотогашната архитектура што се негувала на територијата на Русија, а биле наменети за универзитетот, министерствата, за хотели, покажувајќи ги новите аспирации на нацијата. СССР се распадна во 1991 година, но влијанието врз архитектурата остана во сите држави кои беа дел од Сојузот.rnrnПалата на среќата, Ашгабат, ТуркменистанrnrnПоранешните советски градови денеска наликуваат еден на друг, особено поради големите згради наменети за одредени класи од општеството и за работниците, но овие седум облакодери во Москва се исклучок од дотогашната архитектонска навика. Тие претставуваат симбол на едно минато време, кое ја најавило новата ера. Во 2006 е изграден нов облакодер кој наликува на претходните седум и симболично е наречен „осма сестра“, бидејќи го следи Сталиновиот стил од претходниот век. Сепак, потоа, секоја држава развила свој стил, по кој се разликува од другите, но советското влијание е неприкосновено.rnrnКултурно-забавен центар во Ашгабат, ТуркменистанrnrnСо својата карактеристична архитектура се издвојува и градот Астана во Казахстан, кој по распаѓањето на Советскиот сојуз, прифаќа сосема нов, футуристички стил во градењето на капацитети за живеење, но и административни згради. Речиси во сите држави кои некогаш беа дел од СССР постојат огромни монументални градби, од кои дел сè уште се користат, а кои се предизвик за фотографите. Во остатокот од нив, новите градби се практични и организирани и воопшто не се во склад со идеите на Сталин. Сепак, она што останало и ден-денес сведочи за славното минато на овој Сојуз.rnrnШаховски центар во град во СибирrnrnПокрај огромни згради, подигнувани се и грандиозни споменици, кои денеска претставуваат запис за некогашната сила и влијание на Советскиот сојуз, но ниту новите архитектонски достигнувања не заостануваат зад величественоста на градбите во градовите во Русија, Казахстан, Туркменистан, Грузија…rnrnШкола за менаџмент во Москва, РусијаrnrnПогледнете повеќе фотографии на следната страница…rn