КАФЕ ПАУЗА

Што може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?

Што може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?

Есенцијалните масла се рекламираат како лек за секакви работи: од проблеми со кожата до проблеми со менталното здравје. Сепак, овие масла не се толку безопасни како што изгледаат. Можеби мирисаат убаво, но немаат толку многу придобивки колку што се прикажува на рекламите. Во продолжение прочитајте со какви опасности може да се соочите ако користите есенцијални масла премногу често.rn

1. Труење

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnИстражувањата покажуваат илјадници инциденти на труење со есенцијално масло во изминатите години и повеќе од половина од нив биле деца. Токсичноста се шири многу брзо и е потребна само мала количина масло за да се создаде животозагрозувачка ситуација. Есенцијалното масло може да предизвика повраќање, оштетување на белите дробови и депресија на централниот нервен систем. Најштетно е маслото од еукалиптус, од кое само неколку капки може да резултираат со гадење, болки во стомакот и конвулзии.rnrnДодека 80% од случаите биле случајни, бидејќи маслата биле погрешно користени како течен лек, на пример како сируп за кашлица, сепак имало голем број луѓе кои земале есенцијални масла орално поради дезинформации.rn

2. Развој на градите кај мажите

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnПостои феномен наречен гинекомастија – развој на „машки гради“. Овој феномен е многу редок и честопати нема очигледна причина. Освен понекогаш, кога е предизвикан од масло од лаванда или од чајно дрво.rnrnИстражувањата покажуваат дека есенцијалните масла често се виновни за зголеменото ткиво на градите кај момчињата. Маслата можат да имитираат женски хормони и да ги потиснат машките хормони. Ова ја нарушува целокупната хормонална и ендокрина рамнотежа на телото.rn

3. Чувствителност на сонце

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnНекои есенцијални масла ја зголемуваат чувствителноста на кожата на сончева светлина, особено цитрусните масла и најголемиот виновник – маслото од бергамот. Многу цитрусни овошја содржат соединение наречено фурокумарин, кое може да предизвика изгореници при изложување на сончева светлина. Во најлош случај, дури и кратката изложеност на сонце може да резултира со појава на плускавци и лузни.rn

4. Проблеми со кожата

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnОпсегот на кожни проблеми предизвикани од есенцијални масла варира од мали иритации до алергии, како на пример, дерматитис. Алергиските реакции доведуваат до осип, чешање и печење. Кожата може да стане сува, да се лупи и да почне да пука.rnrnНикогаш немојте да нанесувате есенцијални масла на оштетена кожа бидејќи апсорбира повеќе масло и нејзината реакција може да биде неочекувана и непријатна. Исто така, никогаш не треба да користите неразредено масло затоа што може да биде опасно за вашата кожа.rn

5. Ризик за бременоста

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnНекои есенцијални масла содржат адитиви и нечистотии кои можат да бидат штетни за бремените жени. Чувствителноста на мириси и вкусови може да резултира со непријатни и несакани ефекти од употребата на есенцијално масло, како гадење, главоболка, повраќање и вртоглавица.rnrnДури и маслата нанесени на кожата можат да навлезат во плацентата и да влијаат на бебето. Во најлош случај, бременоста може да заврши со спонтан абортус.rn

6. Алергии

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnОсвен на кожата, алергиските реакции на есенцијалните масла можат да влијаат на очите и на респираторниот систем. Есенцијалните масла може да предизвикаат кивање и течење на носот.rnrnАко алергијата се влошува, тоа значи дека треба да посетите лекар колку што е можно побрзо.rn

Бонус: Маслата не се толку штетни

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rnrnМногу луѓе мислат дека есенцијалното масло не може да биде штетно затоа што е природен производ, но не е така. Овие масла не се ниту лек за сè, ниту се премногу штетни. Некои масла имаат антисептички својства, можат да помогнат при проблеми со косата, а нивниот смирувачки мирис помага во ублажување на стресот. Сепак, ако се употребуваат погрешно, можат да доведат до несакани последици.rn

Што треба да направите ако сакате да користите есенцијални масла?

rnШто може да се случи ако користите есенцијални масла премногу често?rn

    rn 011

  • Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите есенцијална масла.
  • rn 011

  • Набљудувајте како вашето тело реагира на нив.
  • rn 011

  • Испробајте мала количина масло на раката или на ногата. На овој начин можете да проверите и да видите дали имате алергија.
  • rn 011

  • Не претерувајте со нивната употреба.
  • rn 011

  • Не плашете се да ги испробате.
  • rn

rnПрочитајте кои се 20-те необични употреби на есенцијалните масла.