Денес постојат толку многу есенцијални масла што може да биде навистина тешко да го одберете вистинското. Секое масло има свои придобивки, па важно е да знаете барем дел од нив. Во продолжение погледнете некои од најнеобичните употреби на есенцијалните масла за кои малкумина знаат.rnrn
rn
1. Третирање модринки
rnМаслото арника е познато по тоа што ја зголемува циркулацијата на крвта и помага при модринки, отоци и воспаленија. Можете да го нанесете директно на модринката или пак да направите купка со него. Имајте на ум дека растението арника е отровно и не треба да го користите често, а никако не треба да го земате орално.rn
2. Намалување на главоболките
rnЗа да се ослободите од главоболката измешајте по неколку капки масло од нане, еукалиптус и лаванда. Нежно масирајте ја областа зад ушите, задниот дел од вратот, челото и под носот.rn
3. Масло против комарци
rnКористете масло од кедрово дрво, цитронела или каранфилче за да се ослободите од комарците. Можете да додадете неколку капки во кокосово масло, па потоа да се намачкате со него.rn
4. Чистење на домот
rnЗаменете ги хемикалиите со еукалиптус или чајно дрво. Овие масла се одлични за дезинфекција. Најдобро е да ги растворите во алкохол, па да ги додадете во мешавина од оцет и вода.rn
5. Нега на кожата
rnНајдобрите масла за кожа се лаванда, јојоба, гераниум и шипинка. Додајте неколку капки масло во топол мед, оставете го на вашето лице 10-15 минути и исплакнете.rnrn
rn
6. Ослободување од непријатниот мирис во корпите за ѓубре
rnСтавете неколку капки масло од гераниум, грејпфрут или лимон во сода бикарбона и нанесете го на дното на корпата.rn
7. Нега на косата
rnИзмешајте неколку капки масло од јојоба, ѓумбир, шипинка, лаванда, рузмарин и мајчина душица и нанесете на косата. Оставете ги маслата да делуваат 30 минути, па исплакнете.rn
8. Намалување на напнатоста
rnМожете да се ослободите од напнатоста со масажа со масло од лаванда. Масирајте ја областа под ушите, слепоочниците и здрвените мускули на вратот.rn
9. Освежување на фрижидерот
rnУпотребете масло од лимета, грејпфрут или бергамот во фрижидерот по чистење. Свежината подолго ќе се задржи.rn
10. Чистење на бањата
rnЗа да го освежите воздухот во тоалетот употребете масло од лимон, грејпфрут, лаванда, рузмарин или гераниум.rnrn
rn
11. Отстранување тврдокорни дамки
rnНајдоброто масло за дамки е од лимон. Особено помага во отстранување дамки од восок, масло, гума за џвакање или лепак. Имајте на ум дека маслото од лимон е кисело и може да оштети пластика или да ја иритира кожата.rn
12. Освежете ги теписите
rnДодајте неколку капки масло од гераниум, лаванда, лимон или нане во сода бикарбона. Нанесете го на тепихот, оставете да делува 10-15 минути, па соберете го со правосмукалка.rn
13. Освежете ги крпите
rnНанесете неколку капки од вашето омилено масло на парче материјал и ставете го во сушална со чисти крпи.rn
14. Релаксација
rnАко ви е потребна релаксирачка купка, додајте камилица, лаванда или јасмин во водата и уживајте.rn
15. Останете будни
rnАко сте изморени, но потребно е да останете будни, најдоброто масло е она од рузмарин. Најдобро е да чувате и шишенце од ова масло во вашиот автомобил ако е потребно да возите многу.rnrn
rn
16. Болни стапала
rnЗа да ја отстраните болката од стапалата на крајот од денот, додајте неколку капки масло од нане во купка за стапала.rn
17. Подобрете го имунитетот
rnМаслото од оригано може да го зајакне вашиот имунитет. Едноставно, измасирајте ги вашите стапала со маслото.rn
18. Детоксикација на телото
rnЗа да направите купка за детоксикација додајте неколку капки масло од рузмарин и смрека.rn
19. Опуштање на мускулите
rnИзмешајте 30 милилитри зимзелено масло и 1 милилитар масло од нане со 120 милилитри алкохол. Нанесете ја смесата на болните места. Немојте да ја користите смесата веднаш по вежбање бидејќи може да предизвикате болка.rn
20. Клима уред
rnОсвежете го воздухот со тоа што ќе ставите памучно топче натопено со есенцијално масло пред клима уредот.rnrnПрочитајте и во кои ситуации не треба да користите есенцијални масла.
