КАФЕ ПАУЗА

Седум необични професии од кои можете да живеете #2

Седум необични професии од кои можете да живеете

1. Испитувач на удобност на мебел

rnДали некогаш седејќи на вашето омилено столче или лежејќи на вашиот неверојатно удобен кревет, се запрашувате дали би можеле тоа и да го работите? Епа, некои среќници всушност токму тоа го работат за компании кои се занимаваат со мебел. Купувачите се секогаш најважни, зарем не?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

2. Маскота

rnСите деца се радуваат кога во забавниот парк ќе здогледаат маскота од некој јунак од цртаните филмови. Да ги правите децата среќни и весели не е лесна задача, постојано треба да бидете позитивни и насмеани. Сепак, седењето во огромен задушлив костум 8 часа дневно, 5-6 пати во неделата, ја прави оваа професија чудна и несекојдневна.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

3. Дегустатор на кучешка храна

rnВнимателно луѓе, овој човек сигурно ќе мириса чудно ако застане блиску вас во супер маркетот. Како и секој друг вид храна, и кучешката мора да биде тестирана и проверена. Да претпоставиме дека кучето не би било релевантно само по себе за да се искористи како вршител на оваа професија, па затоа е потребен стручен човек кој ќе се занимава со оваа вкусна професија.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

4. Нуркач по изгубени топчиња за голф

rnДоколку сте љубител на овој спорт, сигурно и самите знаете дека многу често се случува, при некој неконтролиран удар, топчето да падне во некое од езерата кои се наоѓаат покрај скоро сите професионални голф терени. Задачата на овој човек е секојдневно да нурка низ езерата, да ги наоѓа изгубените топчиња, а потоа да ги чисти за истите да можат повторно да се користат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

5.  Молзач на змии

rnДоколку некогаш ве касне змија, ќе им бидете вечно благодарни на оние луѓе кои знаат како да ги искористат влекачите. Тие се одговорни да го исцедат отровот од змиите за потоа да може да се направи соодветен противотров. Да бидеме искрени, колкумина од вас помислија дека може да станува збор за млеко од змија?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

6. Одгледувач на марихуана

rnНе возбудувајте се премногу, сепак оваа професија не може да ја врши секој и секаде. Целта нормално не е да се продава и да се прави профит од марихуаната, туку најчесто таа се дава на некои лаборатории или хортикултурни училишта кои потоа ја испитуваат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

7. Создавач на накит од измет од птици

rnНе, не, верувајте ова не го измислуваме. Навистина има луѓе кои го собираат изметот од птиците и потоа комбинирајќи го со одреден вид смола, создаваат прекрасни алки, обетки и ѓердани. Па девојки би ви препорачал да си ја проверите вашата кутија со накит.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2