Појадокот не е важен само за одржување на линијата, туку е и чувар на вашето срце. За само една недела можете да го навикнете организмот на појадување. Многу е подобро да каснете што било, отколку да го оставите желудникот празен.rnrn
rnrnЕдно истражување направено на Универзитетот Харвард во кое учествувале 27.000 луѓе, покажало дека луѓето кои имаат поголем ризик за заболување на срцето, како превенција треба редовно да појадуваат. Научниците кои учествувале во ова истражување, во период од 16 години ги следеле прехранбените навики на луѓе на возраст од 45 до 82 години и ги поврзувале со здравјето на срцето. Тие откриле дека оние луѓе кои не појадуваат имаат за 30% поголеми шанси за инфаркт од оние кои редовно појадуваат. Научниците во обѕир ги зеле и животниот стил, телесната маса и навиката за пиење алкохол, но сепак појадувањето се покажало како многу важно за здравјето на срцето.rnrn
„Подобро е да каснете што било за појадок, отколку ништо, бидејќи луѓето кои редовно појадуваат не само што се повитки, туку имаат и поздраво срце“ – истакнува д-р Леа Кејхил.
rnТаа додава дека најдобар избор за појадок е црн леб, овес, млеко со ниска масленост, овошје и зеленчук. Луѓето кои тврдат дека не можат да јадат наутро грешат, бидејќи после само една недела телото може да се навикне на појадувањето.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
