Пандемијата целосно го смени нашиот начин на живот, а една од промените што ги донесе со себе е работењето од дома.rnrn
rnrnМногумина ги заменија канцелариите со сопствената дневна соба, а сите оние фантазии за тоа како работата од дома е дел од работата од соништата паднаа во вода. За да работиме од дома, честопати ни треба повеќе концентрација, подобар дневен план и челични нерви за да се одбраниме од разните одвлекувања на вниманието. Ако имате и деца, работата од дома станува научна фантастика. Но, грижите не завршуваат тука. Постојат голем број грешки што сите постојано ги повторуваме кога седиме зад компјутерот и тие може да се случат без разлика дали работите од дома или од удобноста на вашата канцеларија.rn
1. Заборавате да трепкате
rnГледањето во компјутер понекогаш трае со часови, а многумина не забележуваат дека не трепкаат доволно. За да избегнете непријатни последици за очите, затворете ги очите малку на секои 15 минути и отворете ги без брзање. За дополнителен одмор за очите и главата, тргнете ги очите од мониторот и гледајте во друга насока најмалку 30 секунди.rn
2. Имате премногу висока тастатура
rnПремногу високата тастатура бара држење на рацете во неприродна положба, со што се зголемува можноста за развој на тендинитис. За да избегнете ризик од овој синдром, не работете на тастатура која е повисока од три центиметри.rn
3. Не пиете доволно вода
rnЗа да му дадете на вашето тело доволно хидратација, пијте доволно вода, без разлика дали работите од дома или во канцеларија.rn
4. Не станувате од столот
rnСедењето на еден стол во иста позиција во текот на целото работно време има исклучително лошо влијание врз здравјето на вашите коски. Обидете се да го замените столчето со топка за пилатес, станувајте редовно и во моменти кога имате неколкучасовна работа за која е потребно да седите, поместете ги нозете, рацете и станете неколку моменти и потоа повторно седнете.rn
5. Нозете не го допираат подот
rnИсклучително е важно нозете да го допираат подот и да не се виткате премногу ако работите на компјутер. Ваквото неправилно држење на телото е исклучително лошо за вашето здравје. Држете го вашиот компјутер доволно високо, а стапалата на подот или на потпирачот за нозе што ви обезбедува да седите во добра позиција.rnrnПрочитајте за овие 8 чудни лекови за мигрена што навистина функционираат.