КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои слабите мажи не треба да ги носат

Спротивно на мислењето, некои од овие парчиња облека наместо да прават да изгледате покрупно, тие уште повеќе ја истакнуваат вашата слаба градба. Токму затоа не треба никогаш повеќе да ги носите, или едноставно зачувајте ги за деновите кога ќе имате некој килограм плус.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

1. Преголема гардероба

rnМажите мислат дека можат да го прикријат своето слабо тело под големи парчиња облека и се надеваат дека така ќе создадат илузија на мускулесто тело. Ова не е ни приближно решение на вашиот „проблем“, затоа што во преголемите парчиња облека само ќе изгледате неуредно.rn

2. Тесни маици

rnПретходно кажавме дека не треба да носите широка гардероба, но истото важи и за претесните парчиња облека, бидејќи така дополнително ја нагласувате вашата тенка фигура.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

3. Впечатливи дезени

rnГлавното правило во модата е дезените на вашата облека да бидат во баланс со вашата фигура. Затоа слабите мажи треба да избегнуваат крупни дезени. Карираните, пругастите и дезените во вид на рибина коска ќе изгледаат одлично на вас, но секогаш држете се до помалку впечатливите варијанти.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

4. Еднобојна гардероба

rnАко од глава до пети сте облечени во иста боја, уште повеќе нагласувате дека сте слаби, а тоа е најмногу забележливо доколку сте облечени во црно.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

5. Неуредна фризура

rnДолгата, неуредна фризура која ви паѓа преку лицето, го издолжува вашето лице и ја крие аголната структура на коските. Искористете го вашиoт облик на лицето и направете класична, кратка фризура која ќе ги открие коските на вилицата и брадата.rnrn4-10-raboti-koi-slabite-mazhi-ne-treba-da-gi-nosat-kafepauza.mk_rn

6. Тесни фармерки

rnВо голема заблуда сте ако мислите дека тесните фармерки се предвидени за слабите мажи. За жал, овој модел открива колку навистина сте слаби, па најдобро е да се држите до нормално дизајнираните фармерки.rnrn2-10-raboti-koi-slabite-mazhi-ne-treba-da-gi-nosat-kafepauza.mk_rn

7. Широки боксерки

rnМожеби мислите дека долната облека не може многу да влијае на вашата фигура, бидејќи се наоѓа под пантолоните, но верувајте дека широките боксерки прават да изгледате преслабо.rn

8. Маици со длабок „V“ израз

rnОвие маици ја откриваат клучната коска, а тоа не е баш добро. Заменете ги со маици со обичен отвор.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

9. Кратки јакни

rnСлабите мажи вообичаено имаат долги раце, па носењето кратки, спортски јакни само ја нагласува тенката фигура.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носатrn

10. Одело со три копчиња

rnСитните, слаби мажи имаат претесни гради и струк за да носат одело со три копчиња. Наместо тоа, одберете одело со две или со едно копче.rnrn10 работи кои слабите мажи не треба да ги носат