Енергетските пијалаци се преполни со кофеин. Овие пијалаци кои содржат и премногу шеќер исто така имаат и други состојки кои можат да бидат опасни по вашето здравје. Ако навистина ви треба зголемување на енергијата, тогаш зошто да не ги пробате следниве природни алтернативи?rnrn
rn
1. Добијте го потребниот одмор навечер
rnМногу луѓе не спијат доволно и го решаваат овој проблем на своја рака користејќи кофеин и други засладени работи како што се засилувачите на енергијата. Ова навистина функционира, но не за долго. Тоа не го менува фактот дека телото има недостаток од неопходниот сон. Недостатокот на сон исто така води до намалување на нивото на лептин, хормонот кој е одговорен за потиснување на апетитот. Неспиењето цела вечер не би требало да ви е навика. Квалитетниот сон е траен засилувач на енергија кој сите треба да го користат.rn
2. Справете се со депресијата
rnДепресијата е многу честа состојба што ја намалува енергијата. Кога сте депресивни, не сакате да излегувате или да поминувате време со вашите пријатели, ниту пак имате мотивација за вежбање. Доколку сте во депресија, разгледајте некои од природните терапии бидејќи лековите можат да имаат несакани ефекти. А ако мора да користите лекови, направете детално истражување за нив и консултирајте се со вашиот психотерапевт при изборот.rn
3. Проверете да не сте анемични
rnДоколку немате доволно железо во вашата крв, сигурно ќе се чувствувате изнемоштено. Ова е многу честа причина за појава на замор кај жените. Можете да земате суплементи со железо за да надополните за недостатокот. Исто така, додајте храна богата со железо во вашето мени. Овој вид храна има витални хранливи материи и ензими што ќе му помогнат на вашето тело да го апсорбира железото. Сусамот, црната меласа, цвеклото и јаболкото се одлични за луѓе со анемија. Следењето на железото во крвта е многу важно за одржување на нивото на енергија.rn
4. Пијте вода
rnЗаморот може да биде знак дека на вашето тело му недостигаат течности. Тој исто така е првиот знак за дехидратација. Водата ги подобрува перформансите за активностите кои бараат издржливост, а истовремено влијае и на метаболизмот. Според Институтот за Медицина, околу 13 чаши на ден се доволни за мажите, а 9 за жените.rn
5. Престанете со диети кои имаат јо-јо ефект
rnЈадењето погрешна храна, или мали количини од истата, со сигурност ќе ви ја намали енергијата. Иако ќе добиете одредена енергија од шеќерите, тоа ќе биде за кратко, исто како што е кога не спиете доволно. Шеќерот дури ви ја „краде“ долгорочната енергија. Ова се случува кога се изгладнувате. Наместо постојано да чувствувате глад, пробајте да ги промените вашите животни навики и отфрлете ја храната што не е добра за вас. Ова не мора да значи дека треба да ги исфрлите сите ваши омилени јадења.rn
6. Проверете се за хипотироидизам
rnСтанува збор за состојба што се карактеризира со нерамнотежа во работата на хипофизата и тироидната жлезда. Ова има влијание на многу луѓе што не се ни сомневаат дека можеби имаат таков проблем. Хипотироидизмот го создава поголем ризик да се биде изложен на радијација. Може да се лекува на природен начин или преку лекарства препишани од доктор.rn
7. Исчистете го дебелото црево
rnЧистењето на дебелото црево може да ви го зголеми нивото на енергија, а воедно ќе ви помогне и да го подобрите целокупното здравје. Редовното чистење на дебелото црево е сигурен начин да ја повратите вашата енергија. Ова исто така ќе му помогне на вашето тело подобро да ги апсорбира хранливите материи кои даваат енергија. Постојат ферментиран отпад, паразити и кандида кои непотребно стојат во вашето дебело црево, и редовното чистење ќе ви помогне да се ослободите од нив.rn
Што заклучивме од ова?
rnАко имате проблем со вниманието во текот на денот, ако се чувствувате мрзливо, ако се мачите со замор или едноставно сте истоштени, тогаш време е за промена. Пробајте ги прифатливите и лесни начини да го оттргнете заморот по природен пат. Ако морате да користете лекови за некои заболувања, како што се анемија, депресија или хипотироидизам, прво консултирајте се со вашиот лекар.