Замислете дека поминува тролејбус со голема брзина, кој не е во контрола и се движи кон група од 5 луѓе. Вие стоите на мостот над него, во близина на поголем човек. Доколку го турнете на шините под мостот, неговото тело ќе го сопре тролејбусот и тој нема да удри во 5-те луѓе пред него. Да, тој ќе умре, но другите 5 ќе преживеат. Дали би требало да го турнете човекот од мостот?rnrn
rnrnПред да ја донесете одлуката, треба да знаете дека вашата популарност може да зависи од неа. Според една нова студија каде што биле вклучени 2.400 учесници, начинот на кој ќе го решите „проблемот со тролејбусот“ може да има големо влијание врз тоа колку луѓето ви веруваат. Па, ајде да ги разгледаме вашите можности.rnrnВие би можеле да кажете „да“, бидејќи спасувањето на 5 личности ја надминува штетата од убивањето на 1 човек. И не би биле сами… Вие би правеле морална одлука имајќи го општото добро на ум, дури и ако со тоа правите штета – на пример, убивате 1 личност со цел да спасите 5.rnrnОд друга страна пак, би можеле да кажете „не“, бидејќи убивањето е погрешно, без разлика на позитивните исходи кои би можеле да настанат. Во овој случај, вашата морална одлука се води од повеќе морални правила, права и должности. Верувањата дека не треба да се убива, или пак, да се однесувате со останатите како што би сакале тие да се однесуваат со вас, спаѓаат во оваа категорија морални вредности.rn
Па, кој е вашиот одговор?
rnСтатистички, поголемиот дел од луѓето мислат дека е погрешно да се турне човекот од мостот со цел да се спаси животот на другите 5. На некој начин, ова има смисла – ние се тресеме од самата помисла дека вакво нешто би можело да му се случи на некој наш близок, пријател или партнер, дури и ако станува збор за општото добро. Но, која е вистинската причина поради што повеќето луѓето го преферираат овој пристап кон моралноста?rnrnДосега се верувало дека интуициите кои ги водат овие луѓе доаѓаат од „ирационални“ емоционални одговори. Но, изгледа постои друго објаснување, поточно моќта на популарноста. Оние луѓе кои се држат до моралните правила се сметаат за подобри социјални партнери, што може да објасни зошто поголемиот дел од луѓето размислуваат на овој начин.rnrnЗа време на човечката еволуција, ваквото размислување можело да има големо влијание помеѓу целата популација. Па, наместо да рефлектирате ирационално или емоционално размислување, правењето морални одлуки базирани врз правила би можело да биде еден вид адаптивна карактеристика на нашите умови со цел да се погрижиме дека би преживеале во светот.rnrn
rn
Да се вратиме повторно на тестот
rnНаучниците ја тестирале оваа хипотеза со користење неколку варијации на „проблемот со тролејбусот“ и ги прашале луѓето со спротивставени морални одлуки, која група според нив ја сочинуваат подобри социјални партнери. Во текот на 9 експерименти, тие откриле дека луѓето кои одбиле да убијат невина личност, дури и кога тоа би придонело за општото добро, се сметале за подоверливи личности отколку оние кои ја одбрале другата алтернатива.rnrnИ не само што повеќето луѓе кажале дека повеќе би им верувале на овие личности, туку тие исто така имале и повеќе доверба во нив кога станувало збор за пари. Учесниците им дале поголеми суми пари на оние кои одбивале да жртвуваат еден за да спасат повеќе, надевајќи се дека тие сигурно ќе им ги вратат, во однос на оние кои одбрале да се жртвува еден живот по цена повеќе.rn
Но, нештата никогаш не се толку едноставни
rnСамата одлука дали да се жртвува невина личност или не, не било единственото значајно нешто. Научниците исто така откриле и дека начинот на кој се носела самата одлука бил многу важен. Оние кои решиле да го жртвуваат животот на една личност со цел да спасат повеќе, но притоа тешко ја донеле таа одлука, се здобиле со повеќе доверба отколку оние кои ја носеле одлуката лесно.rnrnИ не секогаш оние кои одбивале да убијат невина личност, добивале поголема доверба кај останатите. Каде што личноста која би можела да биде жртвувана покажувала специфична желба да живее или да умре, луѓето ги ценеле оние индивидуи кои ги почитувале тие желби, дури и ако тоа вклучувало убивање.rnrnОвие откритија не само што објаснуваат како сме ги добиле нашите морални интуиции, туку исто така можеме да го видиме и нивното влијание врз светот. Па, следен пат кога ќе треба да дојдете до тешка одлука, не заборавајте дека луѓето ги преферираат оние личности кои ги следат моралните правила.