КАФЕ ПАУЗА

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

Written by

in

Па, од каде да почнеме? Има толку многу корисни апликации што се достапни и навистина е тешко да знаете што навистина ќе ви треба. Во продолжение следуваат 7-те апликации за Виндоус кои можеби сè уште ги немате откриено, а со сигурност ќе ви го олеснат секојдневниот живот.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

1. Khan Academy

rnKhan Academy ви овозможува да научите што и да посакате и тоа бесплатно. Библиотеката на оваа апликација содржи повеќе од 6.000 видеа и покрива огромен број области како математика, биологија, хемија, физика па дури и некои општествени науки со туторијали за финансии и историја.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

2. Aerize Optimizer

rnЗголемете го перформансот на вашиот уред со овој напреден чистач на меморија. Изграден е врз основан на докажани и тестирани техники на оптимизација и подобрувањето на перформансот на вашиот уред е гарантирано.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

3. Duolingo

rnНаучете шпански, француски, германски, португалски, италијански, ирски, холандски, дански и англиски. Забавно и бесплатно.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

4. PicsArt

rnКреативноста е повеќе од еден обичен филтер за фотографии. Оваа апликација ќе ве обезбеди со сите алатки потребни да ги уредувате фотографиите, фото колажите, да создавате дигитални цртежи и да комуницирате со други креативни луѓе кои решиле да се придружат на мисијата да го разубават светот. 250 милиони луѓе веќе ја имаат симнато оваа бесплатна апликација за моќно уредување на сликите и фото монтажите, благодарение на стотици алатки и ефекти кои можете да ги најдете само во професионални програми како Фотошоп. Оваа апликација ќе ве инспирира да создавате убави фотографии секогаш и секаде. Претворете ги вашите фотографии во уметнички дела и дозволете му на светот да ги открие!rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

5. Seven – 7 Minute Workout Challenge

rnНе ви треба никаква опрема за вежбање, само неколку слободни минути на ден. Апликацијата се состои од забавни достигнувања и награди за да останете мотивирани. Ќе ви треба само столче, ѕид и вашата сопствена тежина. 7-минутната вежба се базира на научни студии и е дизајнирана на тој начин за да ја извлече максималната придобивка од редовното вежбање за најкраток можен период.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

6. WiFi Analyzer

rnОваа апликација ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите со Интернет мрежата и да го најдете најдоброто место за вашиот рутер со тоа што ќе го претвори вашиот уред во вистински аналитичар на безжичната мрежа.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

7. Sticky Notes 8

rnСо оваа апликација можете да пишувате белешки и да ги погледнувате набрзина на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Можете да закачувате белешки на почетниот екран, да пребарувате белешки и да додавате слики.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат