КАФЕ ПАУЗА

Како делува нередовниот секс на здравјето?

Како делува нередовниот секс на здравјето?

Нередовниот сексуален живот не значи само суша на љубовно и сексуално поле, туку и потенцијален предизвикувач на низа проблеми. Бидејќи секојдневно можеме да прочитаме низа истражувања за придобивките од сексот за физичкото и психичкото здравје на човекот, фино е да знаеме кои се можните последици доколку сексот не е редовна појава.rnrnКако делува нередовниот секс на здравјето?rn

Депресија

rnАко сексот нè прави среќни, тогаш многу логично дека недостатокот на сексуални активности може да нè доведе до депресија. Токму ова го имаат докажано истражувачите од Универзитетот во Флорида во едно истражување спроведено минатата година. Од нивните добиени податоци, луѓето кои не уживаат во редовен секс, многу почесто паѓаат во депресивно расположение, а колку почесто им се случува ова, постојат поголеми шанси тоа да премине и во сериозна депресија. Целибатот, дефинитивно не е добар пријател на психичкото и емотивното здравје на луѓето.rn

Инфаркт

rnПовеќе од 10 научни истражувања во последните 10 години потврдуваат дека редовниот и квалитетен секс се поврзува со здраво срце. Секоја физичка активност е добра за здравјето на срцето, но сексот носи повеќе придобивки, бидејќи како што појаснуваат научниците, сексот придонесува за лачење на хормони кои одлично делуваат на здравјето.rn

Неквалитетен сон

rnНередовниот секс не е нужно одговорен за неквалитетниот сон, но е научно докажано дека редовен секс го подобруваа квалитетот на спиењето. Поточно кажано, хормоните кои се ослободуваат за време и после сексот делуваат смирувачки на организмот, па човекот заспива побрзо и полесно.rn

Недостаток на самодоверба

rnПокрај физичкото задоволство, психолозите објаснуваат дека сексот го сакаме дека после него општо се чувствуваме многу подобро и посигурно. Иако не може точно да се објасни зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа е поради блискоста која ја носи сексуалниот чин.rn

Лоша концентрација и слаби работни резултати

rnЛуѓето кои имаат редовен секс значително се подобри на работното место, потврдило истражувањето кое пред две години го спровеле научници од Холандија. Токму поради хормоните кои се ослободуваат за време на сексот, кои одлично делуваат на психата и здравјето на човекот, многу полесно се постигнува подобра концентрација и со самото тоа и подобар квалитет при исполнување на работните задачи. Нивото на концентрација кај оние луѓе кои немаат редовен секс било на многу пониско ниво.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.