Нашето држење на телото ни говори многу за нашите внатрешни процеси. Со цел да се приближите до вашиот внатрешен свет, вие можете да ја направите оваа вежба чија задача е визуелизација на она дрво кое мислите дека најдобро би ве претставило.rnrn
rnrnЗатворете ги очите и опуштете се, а потоа обидете се да замислите пред вас дрво. Првото дрво кое ќе ви се појави во мислите е токму она на кое вие најверојатно наликувате. Во него можете да ги видите вашите животни шаблони, како и да најдете поврзаност помеѓу изгледот и квалитетот на дрвото со вашите моментални животни ситуации.rnrnДодека го анализирате дрвото во вашите мисли, обидете се да откриете и дали сте вкоренети. Доколку имате корен, колку е тој плиток или длабок? Дали сте доволно вкоренети за да се издигнете високо кон небото или пак, недостатокот на длабочина ве спречува во оваа цел? Исто така обрнете внимание и на крошната, дали таа е бујна или не. Крошната го претставува вашето его. Од флексибилноста и цврстината на дрвото можете да откриете колку и вие ги поседувате овие карактеристики како и да го препознаете вашиот начин на решавање проблеми – со отпор или со прилагодување.rnrnВо животното стебло можете да ја забележите и вашата психолошка флексибилност. Тенкото стебло, кое лесно се витка значи дека поседувате способност за прилагодување, додека пак, моќното и дебело стебло покажува тврдост и ригидност. Тоа ќе му пркоси на ветрот и колку е тој посилен, толку поголем отпор ќе прави стеблото. Но, како и со сите други вакви ситуации, тоа некаде ќе попушти и ќе пукне. Стеблото кое може да се витка, без разлика на колку силен ветер е изложено, нема да прави толку голем отпор. Ако треба ќе се спушти и до земјата, но нема да пукне. Оваа флексибилност го штити од сериозни повреди.rnrnВо оваа вежба нема правилен или погрешен одговор. Секое дрво си има свој начин на опстанок и ќе го задржи своето место онолку долго колку што ќе може да се прилагоди на условите од околината.
Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?
