Во денешно време, жените полека го освојуваат светот. Сексуалноста е само една од областите за која жените бестрашно го искажуваат сопственото мислење и став. Но, како што се нагласува потребата од тоа да им се даде повеќе моќ на жените, така се појавуваат сѐ повеќе и повеќе неправедни стереотипи и обвинувања кои се насочени кон мажите. Мажите веруваат дека целта на феминизмот е да промени одредени типови мажи како што се „женкарот“, „силувачот“ и „насилникот“. Но, со оглед на тоа што повеќето мажи не чувствуваат дека припаѓаат во која било од овие категории, тие не можат да го разберат ова движење. Наместо тоа, тие мислат дека одредени мажи ја „зезнуваат“ работата за останатите.rnrn
rnrnМажите стануваат сѐ посвесни за работите кои ги омаловажуваат жените, па затоа се трудат секогаш да се однесуваат примерно што доведува до тоа да ја преземаат вината за нешта за кои не се виновни. Разговорите за сексуалноста треба да ги засегаат сите, а не само жените. Ова се 6-те нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажите…rn
1. Проблеми со надворешниот изглед
rnНадворешниот изглед не ги засега само жените. И мажите се кријат под нивната облека, држат диети, земаат стероиди и тивко страдаат поради незадоволството од изгледот на нивното тело исто како и жените. Жените без проблем им кажуваат на пријателките и на партнерите дека се чувствуваат дебело, додека, пак, мажите ја немаат таа слобода да го направат истото.rnrnГи охрабруваме жените да ги прифатат нивните облини, а ги обвинуваме мажите и медиумите за постоењето на нереалистичните стандарди за убавини. Притоа, немаме предвид дека и тие гледаат мажи со совршени тела во медиумите и добиваат сурови критики од страна на жените за нивната висина, тежина и градба. Време е да разбереме дека надворешниот изглед е проблем што подеднакво ги мачи и мажите и жените.rn
2. Проблеми со самодовербата
rnЖените не се единствените кои имаат проблем со ниска самодоверба. Можеби ви звучи чудно, но и мажите поминуваат низ истото малтретирање и сексуално злоупотребување како и жените. Мажите не се поштедени од ова страдање и треба да им се даде до знаење дека не треба да се срамат отворено да ги споделат нивните искуства и проблеми.rn
3. Поделба на половите улоги и идентитетот
rnПред 50-60 години, правилата околу поделбата на машките и женските улоги беа многу поедноставни. Мажите одеа на работа и заработуваа, додека жените седеа дома, се грижеа за децата, готвеа и чистеа. Денес, со зголемувањето на бројот на жените кои работат, многу од мажите ја преземаа улогата на домаќини. Иако и двата пола се согласуваат дека тоа е праведно и рамноправно, сепак станува збор за голема промена. Тоа може да доведе до криза на идентитетот кај некои мажи, особено ако добиваат измешани пораки. Сепак, доколку мажите се осудат да ги изразат нивните чувства и збунетост, жените го толкуваат тоа како нешто негативно и го сметаат за сексизам.rnrn
rn
4. Правила што се однесуваат на љубовните врски
rnМажите се воспитани да веруваат дека тие први треба да им пристапат на жените, но денес жените не само што први им пристапуваат на мажите туку и инсистираат тие да платат на првиот љубовен состанок. Многу мажи ја почитуваат оваа отстапка од конвенционалните правила, но нивната збунетост од ненадејната промена може да предизвика проблеми во подоцнежните фази од врската. Дали мажите сѐ уште треба да ја побараат раката на нивната сакана од нејзиниот татко? Постојат жени на кои им се допаѓаат овие традиционални начини на додворување, но постојат и такви кои ги сметаат за навредливи. Мажите треба отворено да разговараат на оваа тема и да ги постават прашањата што ги интересираат за да си ги решат дилемите.rn
5. Сексуални врски
rnДенес жените не само што преземаат иницијатива во однос на состанувањето, туку и преземаат иницијатива кога станува збор за сексот. Жените слободно изразуваат желба да имаат пријатели со бенефиции кога сакаат да имаат секс без обврски. Иако ова звучи како идеална ситуација и за двата пола, мажите можат уште повеќе да се збунат. Можеби ним им одговара кога жените го прават првиот чекор, бидејќи тоа им ги олеснува работите, сепак тие имаат потреба да остават впечаток на самоуверени и одлични љубовници, а понекогаш немаат можност да го направат тоа со оглед на настанатите промени во половите улоги.rn
6. Зависност од порно филмови
rnСе верува дека голем број од хетеросексуалните мажи се зависни од порно филмовите и им се наметнува идејата дека треба да се срамат од нивните природни сексуални желби. Девојките и сопругите се лутат кога ќе ги „фатат“ партнерите како гледаат порно и ги осудуваат поради тоа, иако станува збор за нешто сосема нормално и природно.rnrnЖените треба да бидат внимателни околу тоа како ја третираат загриженоста и сексуалноста на мажите. Треба и ним да им се даде простор да ги искажат сопствените сексуални желби и потреби за да може подобро да го разбереме нивниот поглед кон работите.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги 8-те најголеми митови за феминизмот.