Станува збор за животно чиј изглед наликува како да е комбинација од мече, верверица и зајак кое не било забележано повеќе од 20 години. Погледнете ги само неговите уши и тоа слатко носе…rnrn
rnrnОва животно е познато како пика (Ili pika) и е забележано само во кинеските планини Тиан Шан. Прв пат било откриено во 1983 година и оттогаш досега се забележани помалку од 30 примероци од неговиот вид. Но, она што е најинтересно е дека тие толку добро се кријат, што сè до претходниот месец научниците верувале дека биле истребени.rnrn
rnrnПиката е само 20 сантиметри долга и е близок роднина на зајаците. Тие ги поминуваат деновите јадејќи трева и билки и играјќи си криенка во карпите на планините. Според Интернационалната заедница за заштита на природата, ова животно е загрозен вид и се верува дека постојат помалку од 2.000 припадници чиј број постојано се намалува.rnrn
rnrnПроблемот е што тие се навикнати да живеат во студена околина и можат успешно да задржуваат топлина поради нивните мали уши, кратки екстремитети и сферичен облик на телото. Токму затоа животот на повисоки температури може да предизвика тие да умрат од топлина. За жал светот изобилува со зголемени температури поради промените во климата, па токму затоа иднината не изгледа светла за пиката.rnrn
rnrnВејдонг Ли, научникот кој прв пат го открил овој вид, се обидува да создаде соодветна околина за зачувување на пиката, но досега неговиот труд е залуден. Ние искрено се надеваме дека тој ќе успее да најде начин да го спаси ова слатко и уникатно животно…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.