Кога планирате да одите на интервју за работа, бизнис состанок или на некоја друга средба каде што треба да оставите добар впечаток, размислете малку и за својот изглед и однесување бидејќи тие можат многу да откријат за вашиот карактер уште пред да почнете да зборувате.rnrn
rnrnОва се 5-те ситници кои можат да дадат негативна слика за вас:rn
1. Згужвана облека
rnФизичкиот изглед го дава првиот впечаток за личноста која ја запознавате, а згужваната кошула, здолниште или пантолони никако не одат во ваша корист. Имено, експертите објаснуваат дека овој изглед дава слика на незаинтересираност, несмасност и мрзливост.rn
2. Валкани чевли
rnЧевлите се многу важни кога сакате да оставите добар прв впечаток. Тие не мора да бидат нови, но пожелно е да се уредни и уште поважно, чисти. Валканите и запуштени чевли даваат слика на индиферентност и недостаток на ентузијазам.rn
3. Џвакање
rnГумите за џвакање за едни претставуваат навика, за други ослободување од стресот, додека трети сакаат да ја задржат свежината на здивот. Иако причините се наивни и не го откриваат вашиот вистински карактер, експертите за невербална комуникација џвакањето го сметаат за многу несериозно, а во некои случаи и за непристојно.rn
4. Мирис
rnИако сите ги сакаме своите омилени парфеми, докажано е дека тие можат да предизвикаат мачнина, па дури и главоболка кај чувствителните луѓе. Токму поради тоа, интензивните и слатки парфеми можат да ве опишат како неодговорна личност која не се грижи за другите. Истото важи и за облеката која ја примила миризбата на влага или чадот од цигари.rn
5. Шминка и фризура
rnДа се дотерате за состанок од каква било природа е одличен потег доколку сакате да оставите добар впечаток. Но, како и со сѐ друго во животот така и со дотерувањето треба да се биде умерен. Нападната и тешка шминка, како и свечената и нагласена фризура, никако не се добар избор, бидејќи можат да остават впечаток на несигурност и дволичност.
