Многу сопственици на кучиња обожаваат кога се во верното друштво на нивниот миленик, но притоа пропуштаат некои знаци коишто тие се обидуваат да им ги пренесат. Погледнете ги овие неколку карактеристични однесувања на кучињата и што всушност тие значат.rn
1. Носење на работите коишто им ги фрлате
rnКога вашето куче ќе ви ја донесе играчката којашто сте му ја фрлиле, вие помислувате дека тоа сака да си игра. Но, преку ова всушност кучето сака да ви даде подарок. Тоа е останат инстинкт од нивното време како диви волци. Тие се обидуваат да ви дадат нешто со што би ви помогнале да преживеете.
rn
2. Контакт со очите
rnКонтактот со очите на кучињата им е еден од начините да покажат љубов кон својот сопственик.rn
3. Подигнување на едната нога
rnКога ќе го видите вашето куче со едната нога подигната и гледа напред, подобро е да се поттргнете. Со ова тој покажува дека се стреми кон ловење.rn
4. Свивање за да изгледа помал
rnТоа е знак дека кучето се плаши. Доколку наоколу нема ништо од што тој би можел да се плаши, голема е веројатноста дека кучето било малтретирано и злоупотребувано.rn
5. Џвакање на вашите омилени предмети
rnСо ова однесување на кучињата се соочуваат речиси сите сопственици. Тоа може да значи дека на вашето куче му е досадно или пак дека е анксиозно. Подобро е да му дадете играчки за кучиња со чијашто помош би ја променил оваа навика.
rn
6. Седење на вашите нозе
rnКучињата може да седат на вашите нозе од повеќе причини. Тоа може да го прават во обид да бидат доминантни над вас или пак со тоа се чувствуваат удобно дека се блиску до вас. Тоа исто така може да биде и посесивен потег којшто вели „овој човек е мој“.

