КАФЕ ПАУЗА

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

Маунтинбајкот не е само обично возење велосипед. Може да ви опишуваме како е да се вози велосипед во дивината, но џабе е. Колку и да ви опишуваме, чувството кое ќе го добиете ако се пробате секако ќе биде подобро од она што кој било ви го опишувал. Тука ќе ви дадеме само неколку причини кои треба да ве убедат за побрзо да посегнете по точакот и да побрзате во природа.rnrn6 причини да се пробате во планински велосипедизамrn

1. Тоа е авантура

rnМаунтинбајкингот со себе носи потреба да се истражува теренот и да се преземаат одредени ризици при тоа истражување. Ако возите некаде за прв пат, секој нареден метар за вас ќе биде нешто ново, нешто што треба да се осознае, понекогаш на полесниот а понекогаш и на потешкиот начин. Треба да изберете од која страна ќе се искачувате на ридот или планината, да најдете начин да ги избегнете сите оние гранки од дрвјата кои ви се испречуваат на патот или пак како најлесно да поминете по тесниот мост. Тоа со себе носи одредено ниво на ризик, поради можните грешки, како на пример при одредувањето кој пат да се избере или поради ризикот од паѓање од велосипедот. Овој спој од ризик и истражување гарантира авантура.rn

2. Ќе откриете нови места или стари места на нов начин

rnИстражувањето со маунтинбајкот не подразбира само возење на места каде што не сте биле до сега. Земете го велосипедот и одете некаде во околината на вашиот град или село, некаде каде што веќе сте поминале многу време. Ова ново возење ќе ви овозможи да го истражите и видите истото тоа место на поинаков начин. Уживањето во живописноста на местата од вашето опкружување е загарантирано.rnrn6 причини да се пробате во планински велосипедизамrn

3. Одлична вежба за телото

rnМаунтбајкингот е доста тежок спорт. Потребен е напор за да се искачувате по ридски предели, не е лесно ниту да се спуштате, а дури и возењето по рамен терен е понапорно отколку при возењето велосипед на асфалт. Еден час маунтбајкинг согорува 500–600 калории, отприлика колку и пливањето. Особено добро ги обликува нозете и задникот.rn

4. Добар е за психичкото здравје

rnСамото поминување време во природата позитивно влијае на ослободувањето од стресот. По двочасовното авантуристичко возење ќе се чувствувате посмирено, посреќно и со повеќе енергија.rnrn6 причини да се пробате во планински велосипедизамrn

5. Ве држи присутни во сегашниот миг

rnЗемете со себе телефон за итни случаи, но немојте да го користите додека сте во природа. Бидете присутни овде и сега, во сегашниот миг. Видете каде ве носи патеката, вртете на педалите, воодушевувајте се на пејзажите околу вас…rn

6. Ќе се уверите во сопствените способности

rnВозењето велосипед во диви предели може ќе побара од вас да поправите некој ситен дефект на велосипедот, да побарате храна во дивината, а сигурно ќе побара и да се искачите по планина или опасните спустови да ги изведете на возбудлив, но истовремено безбеден начин. Маунтбајкингот е полн со предизвици. Нивното совладување ќе направи да се чувствувате сигурни во своите способности и ќе ви ја покачи самодовербата.