Блаже Конески е роден на 19-ти декември 1921-та година, а починал на 7-ми декември 1993-та година. Познат македонски книжевен, културен и јавен работник. Академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог, јазичар, преведувач и професор. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.rnrn
rnrnАвтор е на Граматиката на македонскиот литературен јазик (1952/54) и на Речникот на македонскиот јазик во три тома (1961/65/66). Добитник е на многу книжевни награди, меѓу кои наградите „11 Октомври“, „Ацо Шопов“, „Браќа Миладиновци“, Рациновото признание и многу други.rnrnВо негова чест, денес ви издвојуваме 10 песни, за симболично одбележување на денот на неговото раѓање.rn
Шум
rn
Почини, немирна душо,rnне блуди в приквечер бледна,rnво есенска.rnЛистот е попаднат веќе,rnи ако шум се слуша,rnшум е од тага една,rnод есенска.
rnrn
Песна
rn
О пеј ми, пеј ми!rnКаква песна!rnЗа едно пееrnза друго збори:rn„Се што си рекол,rnсе што си сторил,rnслучајно не е,rnпростено не е.”
rnrn
Жед
rn
А како мреам кога те гледам,rnне знае никој, ниту ќе знае.rnТоа е подла жед – ќе речеш.rnТоа е потез на жедна ракаrnдо ѕвезден предел – јас ќе речам.
rnrn
Грабеж
rn
Да можев да те грабнам како змевrnсо силни вилни ветришта и мрак,rnпа макар колку омразен и грдrnи свесен дека пак презрен ќе бидам,rnно барем сиот опиен за часrnод силата на таков грабеж див.
rnrn
Врв
rn
Еве на врвот се искачив. Сам.rnТука не ме следи око ничие.rnИ што? Јас во себе пак го шепотамrnЖалосниот сон на своето величие.
rnrn
Реки
rn
Ги пуштив реките да течатrnдека се матни, дека мислат гласно,rnи може негде некому да речатrnшто не сум знаел да изразам јасно.
rnrn
Навреди
rn
Кога би можел да ги изумамrnтрите навреди во мојот живот -rnох колку лесно би живеел тогаш?rnНо тие тука се, присутни везден,
rn
но тие живи се – будни и в соне,rnи тие низ себе се пречистуваатrnсо привкус горчливо-тих.
rnrn
Бура
rn
Колку ненадно иде бурата.rnВ поле се мрачи, разлава ветар буен.rnДемнеме. Сега прва молна ќе светне,rnво нас ќе запали силен гнев.rnГрмовни тонови, груби, искинати,rnи настрвени како душите што ни сеrnдека во крвје тонеме.rnА дали ќе можеш и тивка песна да зачуеш,rnкако цвет на гради стиснат,rnсон, оти смевнато девојче ќе видиш,rnкако човечкото во тебе да плаче -rnдали ќе можеш?
rnrn
Љубов
rn
Не иди зашто жалосна би била,rnи колку да те копнеам – се ледам.rnШто младоста во темен неврат скрилаrnме влече назад со измамна сила,rnно зар со подбив тоа да го гледам!rnСум сакал, сега цибрина ме свила,rnне иди, љубов, жалосна би била.
rnrn
Спомен
rn
Не да те гонам како итра срна,rnне како галаба в рака да те земам –rnјас ќе те кријам во моево срцеrnкако во гнездо ластовица скрита,rnјас ќе те чувам како таен споменrnсо ужас дека те заборавам.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.