КАФЕ ПАУЗА

Тие не држат диети: 7-те тајни на витките луѓе

Тие не држат диети: 7 тајни на витките луѓе

Откријте дел од триковите на луѓето кои никогаш не држеле диети, а отсекогаш успевале да одржуваат здрава телесна тежина без поголеми потешкотии…rn

1. Знаат да кажат „Не“

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnЖените кои ја одржуваат оптималната тежина без проблем знаат да им кажат „Не“ на кексите, десертите и пржените компирчиња. Секој ден е посебен, но тоа не значи дека би требало да го „прославите“ со масни закуски.rn

2. Сакаат да зборуваат за време на оброкот

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnХраната би требало полека и внимателно да се џвака, бидејќи мозокот испраќа сигнал дека вашиот желудник е навистина полн дури после 20 минути. Американските истражувачи сметаат дека токму поради тоа комуникативните луѓе, кои повеќе зборуваат во текот на заедничкиот оброк, внесуваат помалку храна во организмот.rn

3. Не губат време на диетални намирници

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnХраната со намалена масна вредност и мала количина шеќери звучи добро само во теорија. За да се произведе ваков продукт, потребно е во процесот да се вклучат доста хемиски материи и адитиви. Токму затоа и таа храна може да ја наруши хормоналната рамнотежа кај луѓето кои ја консумираат и да го покачи шеќерот во крвта, што ќе резултира со добивање вишок килограми кои првенствено сте сакале да ги избегнете.rn

4. Од ништо не се одрекуваат

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnВо речникот на слабите не постои фразата лоша храна. Бројните студии докажуваат дека одрекувањето од одредени производи доведува до опсесивно фантазирање околу тој тип храна и опасноста да не се претера. Поради тоа, слабите луѓе јадат сѐ, но умерено.rn

5. Наспиени се

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnНедостатокот на сон, телото го надоместува со додатна енергија односно со кофеински пијалаци, како и слатка и масна храна. Доколку сакате да јадете умерено, потрудете се да легнете во кревет пред полноќ и да спиете минимум 7 часа без прекин.rn

6. Експериментираат во кујната

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnЗдравата храна не мора да биде и досадна храна. Колку што луѓето повеќе користат зачини во кујната и се заинтересирани да испробаат нови рецепти, толку помали им се шансите да консумираат калорични оброци. Црниот бибер и црвените пиперки, на пример, одлично го забрзуваат метаболизмот, па затоа и треба да ги вклучите во вашите рецепти.rn

7. Не ги бројат калориите

rnТие не држат диети: 7 тајни на витките луѓеrnrnЗдравата храна може да биде и тоа како калорична. Броењето на калориите би можело да ве натера да избегнувате некои важни производи како рибата, јаткастите плодови и темното чоколадо, кои се важни за работата на целиот организам. Слушајте ги сигналите на вашето тело, јадете балансирано и никогаш повеќе нема да имате никакви замерки.